
Ќе дојде ли до измени во правилата за примена на сертификатите за вакцинирање или прележаност од Корона?
Сертификатите за прележаност кои само во Македонија се ограничени на 45 дена, најверојатно ќе претрпат измени. Ова може да се заклучи според најавите пред денешниот состанок на Комисијата за заразни болести. Денеска Комисијата одржува состанок, а ова прашање една од темите на кои ќе се разговара. Членовите ќе дискутираат за проширување на важноста на документот – колку за споредба во многу држави тој се признава од најмалку 4 месеци па до 270 дена.
–Покрај повеќето прашања на состанокот, да и тоа е една од точките на утрешниот состанок. Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.
Освен за сертификатите, членовите на Комисијата ќе дискутираат и за големата смртност кај лица кои се целосно имунизирани. Според најавите, врз основа на факти кои ќе треба да ги утврди посебна работна група може да има и мерки за задолжителна имунизација кај лица со коморбидитети.
Дигиталните ЕУ сертификати важат 270 дена од примената вакцина
–Ќе дискутираме за методологијата според која се утврдува морталитетот и секако она што го има во дневните извештаи за смртноста, каква вакцина примиле починатите кои веќе биле имунизирани, колку се со две дози, колку со бустер, колку време поминало од имунизацијата, вели д-р Мехмедовиќ.
На вчерашната координација на министерот за здравство со надлежните од ковид центрите беше констатирано дека слободни места за хоспитализација засега има.