ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.01.2022
Сертификатите остануваат, а не е време за лични дискусии и молење
Автор: Goce Author

Засега нема потреба да се укинат сертификатите за ковид-19, рече министерот за здравство Беким Сали, одговарајќи на новинарско прашање.

– Засега не. Според епидемиолошката состојба во државата многу мал број се вакцинирани, сѐ уште го тераме пикот, има благо покачување, но сѐ уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивните мерки – изјави министерот Сали.

Министерот за здравство го прокоментира и одбивањето на поканата за учество во Комисијата за заразни болести од страна на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Драган Даниловски, поради тоа што била објавена на фејсбук:

„Не е време за лични дискуии и молење“

„Од понеделникот кога ја преземав функцијата, поголемиот дел од денот го поминувам во обврски поврзани со пандемијата и во настојувања за формирање на нова надградена Комисијата за заразни болести. Не е период за лични дискусии и молење и други начини на покани. Сега е период да се засукаат ракавите и да се справиме со пандемијата. Во минатиот период, Комисијата за заразни болести се состануваше секој вторник, бидејќи тоа се смета за период за евалуација на епидемиолошката недела од понеделник до понеделник. Во однос на поканата, таа е јавна до сите експерти, а во овој случај преку директна објава на Фејсбук ги поканив тројцата почитувани професори: Никола Пановски, Вело Марковски и Драган Даниловски. Во состојба на пандемија, кога сите се бориме против еден вирус мислам дека не треба да пристапуваме со начинот на којшто сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме, односно да бидеме членови на Комисија или работни групи каде што се судираат  или пак се дискутираат аргументи со цел доаѓање до одредено, можеби привремено, па дури и трајно решение“ нагласи Сали.

Започнува второто полугодие – наставата со физичко присуство?

Министерот Сали во својата јавна покана на Фејсбук рече дека „гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин. Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници“.

Инаку, сертификатите и ппонатаму се задолжителни за влез во многу институции, но нивната проверка е навистина дискутабилна, па од тој аспект ефектот од таа мерка е крајно нејасен.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска