Дали мешаш кога треба да се употреби сфаќа или сваќа?
Доколку не знаеш кое кога се употребува, дојден си на правилното место.
Запомни! Секогаш кога нешто разбираш, ти сфаќаш! Сфаќа е несвршен глагол и претставува синоним на глаголот разбира.
Пр. Не можам да сфатам како ги потроши парите.
Запомни! Сваќа е мајката на сопругот или сопругата на твоето дете и се пишува со В. ,,Сватови” претставува однос помеѓу родителите на децата што се маж и жена.
Пр. Се посрамоти пред сваќата.
Често се прават и други вакви грешки при пишување. Овде ќе наведеме некои од нив.
– Негацијата со глагол секогаш се пишува разделено, како на пример:
❌ Неможам ✅ Не можам
❌ Несакам ✅ Не сакам
❌ Незнам ✅ Не знам
❌ Неморам ✅ Не морам
– Зборчето НЕ се пишува слеано со придавки, именки и прилози, како на пример:
❌ Не убаво ✅ Неубаво
❌ Не подготвен ✅ Неподготвен
❌ Не човек ✅ Нечовек
❌ Не вистина ✅ Невистина
❌ Не далеку ✅ Недалеку
Гоце.мк неодамна изработи цел видео серијал за правилно пишување и говорење на македонскиот јазик. Во продолжение можете да ја погледнете.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автори: Кирил Стојанов и Климент Трајков