ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.01.2023
Шаќири: Новиот Закон за учебници ќе ги реши проблемите

Новиот Закон за учебници треба да ги реши пројавените проблеми со учебниците, изјави Министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Минјистерот Шаќири смета дека проблемот со учебниците, меѓу другото и со учебникот по англиски јазик, за кој уште нема повик, е актуелен речиси три години, но се работи на негово конечно и трајнио решение:

Заедно со Педагошката служба е подготвен начинот, правилникот за повик за учебник за странски јазици. За брзо време ќе се објави тој повик, и очекувам наредната учебна година да се реши конечно проблемот за учебници за странски јазици, односно за Англиски јазик. Во измените на новиот Закон за учебници за основно и средно образование ќе се нуди решение за сите проблеми кои се појавија досега. Но исто така ни повикавме и секој што може да даде придонес во тој нов Закон, да го стори тоа. Со тоа ќе имаме подобра, поефикасна, поефтина и поквалитетна постапка во изборот на учебници за основно и средно образование“ – изјави Министерот Шаќири.

Никој не прифаќа одговорност за грешките во учебниците

Министерот Шаќири изјави дека во подготовката на Законот за учебници ќе се земат предвид добрите искуства и примери од сите земји во регионот и пошироко, кога станува збор за начинот за избор на учебници за основното и средното образование.

10 општини подготвени за оптимизација на училиштата
Конференција за социјално претприемништво на Младински сојуз