ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.08.2022
Шахот од есен изборен предмет во 1 и 2 одделение
Автор: Goce Author

Шахот како изборен предмет ќе се предава во прво и второ одделение од учебната 2022/23 година. Искуствата покажуваат многу придобивки кај децата кои го изучуваат.

Од новата учебна година, шахот ќе биде изборен предмет за децата од прво и второ одделение, потврди Шаховската федерација на Македонија (ШФМ). Програмата подготвена од федерацијата била прифатена од Бирото за развој на образованието.

Неколку години се обидувавме да го воведеме шахот како изборен предмет, по примерот на неколку други земји, како Полска и Англија. Оваа година наидовме на позитивен пристап од страна на Министерството за образование и министерот Јетон Шаќири, па така почна целата иницијатива. Шахот има многу придобивки. Децата кои го изучуваат шахот од рани години имаат зголемена концентрација, подобро логичко размислување… Подобри се и во решавањето проблеми, анализа и слично, велат од Шаховската федерација.

БРО: Се шират лажни вести за новиот концепт на образование

Програмата за шах во училишта е изработена во соработка со интернационалниот мајстор Орце Данчевски. Тој ги држи часовите по шах во основното училиште „Јахја Кемал“. Во ова училиштедесетина години шахот е задолжителен предмет за учениците од прво, второ и трето одделение.

Наставата ќе ја спроведуваат наставници кои се веќе вработени во училиштата, а ќе бидат обучени од шаховски тренери. Во Македонија има дваесетина лица кои имаат лиценца за тренер од Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Сличен пример за воведување на шахот во школите има во Полска и оттаму ги презедовме искуствата. И таму биле обучувани одделенски наставници да го држат часот по шах и проектот се покажа како голем успех, додаваат од ШФМ

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите