
Младите до 29 години кои имаат идеја за сопствен бизнис можат да добијат до 615.000 денари (околу 10.000 евра) преку програмата за самовработување – една од најатрактивните мерки од Оперативниот план за вработување за 2025 година. Рокот за пријавување е до 20 јуни, а интересот е голем: досега се поднесени над 3.200 пријави од невработени лица.
Ова беше соопштено на настан во Неготино, каде што заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заедно со претставници од релевантни институции, го претстави Оперативниот план пред млади луѓе и невработени лица од регионот.
Според информациите изнесени таму, мерката е наменета за индивидуално самовработување, но и за основање на фирма во партнерство. Во рамки на поддршката се нудат обуки за претприемништво, ваучери за изработка на бизнис план, како и техничка помош при регистрација на фирма.
Финансиските параметри се поделени на неколку категории:
Заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова, истакна дека Оперативниот план е еден од клучните механизми за креирање одржливи работни места и инклузивен пазар на труд.
Според Даниела Димовска, в.д. директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, постапката е поедноставена и достапна за сите што имаат идеја и желба да основаат бизнис.
Оваа година, преку Оперативниот план се распределени рекордни 40 милиони евра, а акцентот, како што беше речено, е ставен токму на младите.
Информативниот ден во Неготино е дел од пошироката кампања за промоција на мерките, со цел да се информира јавноста за можностите за вработување и самовработување во 2025 година.