Студентите идната недела конечно треба да ги добијат средствата за студентски оброк. Ова го најави Министерот за образование Јетон Шаќири во гостување на ТВ 21, додавајќи дека причина за доцнењето била неажурност на некој универзитет во доставувањето на списоци.
Министерот Шаќири во емисијата „10 минути„ на ТВ21 рече дека учениците ќе почнат да го добиваат заслужените оброци. Тој рече дека доцнењето не се должи на Министерството за образование и наука, туку на универзитетот кој не доставил точни списоци на редовните студенти. Сепак, министерот увери дека од почетокот на следната неделата ќе почне распределбата на паричните средства за оброците за септември, октомври и така натаму.
“Проверуваме кои универзитети ги доставиле податоците за кои студенти се редовни или не. Потоа овие податоци ќе ги доставиме до Управата за Јавни Приходи и потоа ќе ги доставиме до Агенцијата за вработување. Следната недела кога ќе завршат сите процедури, студентите ќе ги добијат средствата за месеците септември, октомври и така натаму. Работиме со банкарскиот сектор да најдеме друго решение каде што студентите од месец март да имаат посебна картичка каде ќе можат да ги трошат своите пари, а не како во сегашната форма. Следната недела мора да ги платиме средствата за оброци”, изјави Шаќири.
Инаку, Движењето Студентски отпор за правда на студентите вчера реагираше на тоа што на студентите се уште не им се исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести.
Студентите незадоволни од договорениот износ за студентски оброк
„Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од МОН и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата. Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде посакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите“, велат од Студентски отпор за правда на студентите.