
Шпанија започна кампања за охрабрување на жените да немаат комплекси за својот изглед и да ги покажуваат своите тела на плажа такви какви што се, со сите маани.
Владината кампања ги повикува жените да одат на плажа и да не се грижат за тоа како изгледаат.
Шпанското Министерство за еднаквост започна кампања за да ги охрабри жените да ги покажат своите тела на плажите онакви какви што се без никакви ограничувања и грижи.
„И летото е наше“, е слоганот над фотографијата на пет жени со различни форми и големини.
„Секое тело е за на плажа“, рече министерот Џон Белара.
Директорката на Женскиот институт во Шпанија Антонија Морилас рече дека физичките очекувања не само што влијаат на самодовербата на жените, туку и ги ускратуваат нивните права.
Илустрацијата за кампањата покажува и жена без горен дел од костим за капење по мастектомија. Тоа е инаку отстранување на дел или на целата дојка.
Жените треба да уживаат во летото, каде и со кого сакаат, е пораката на кампањата.
„Денес наздравуваме лето за сите, без стереотипи и естетско насилство врз нашите тела“.
Но, не сите се импресионирани од кампањата.
Некои се прашуваат дали треба да се прошири и на мажите кои немаат мускулесто тело. Лидерот пак на левицата Каио Лара рече дека кампањата е врв на апсурдноста бидејќи „создава проблем таму каде што нема“.