ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.12.2021
Шпионажа и во Македонија, блокирани профилите на Македонска фирма
Автор: Goce Author

Македонската IT фирма „Сајтрокс“ која е основана од унгарската компанија „Сајтрокс Холдингс“ заработила блокирани профили од страна на Фејсбук заради злоупотребна на мрежата за шпионажа на корисниците. Оваа фирма е една од седумте кои се блокирани заради шпионажа и злоупотреба на податоци.
За заштита на државните институции од сајбер напади е одговорен Националниот центар за одговор на комјутерски инциденти кој е формиран во 2016 година, а фирмите кои се приватни се штитат сами.


15% од младите биле жртви на малтретирање преку интернет – (goce.mk)


Македонската компанија „Сајтрокс“ е основана во 2017г. и нејзината основна дејност е компјутерско програмирање. Мета остранила околу 300 профили на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук кои биле креирани за измама. Компанијата користела непозната ранливост во софтверот на „Apple Inc за да го хакира и да развивајќи малициозен софтвер кој делува врз оперативните системи Андроид и ИОС, се вели во извештајот од Мета.
Се шпекулира дека целта била шпионажа на политичари и новинари ширум светот вклучително и Египет и Ерменија.
Од Мета потенцираат дека профилите на сите откриени компании кои учествувале во сајбер-шпионажа се банирани, а истовремено 50.000 лица кои биле потенцијална мета на овие напади се предупредени преку социјалните мрежи.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?