ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.08.2022
Штедење енергија – препораки за домакинства, задолженија за институциите

Штедење на електричната енергија ќе биде приоритет од 1 септември, за полесно да се преборди зимата, која се најавува како критична во поглед на снабдувањето со електрична енергија.

Владата на РСМ донесе повеќе препораки и мерки, поделени за домакинствата, институциите и бизнис заедницата.

„Прогнозите се дека ќе ја преживееме една од најтешките зими на енергетски план, не само нашата земја, туку сите земји во регионот и во Европа. Со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување, и крајна цел пониски сметки за струја, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.

Инаку, кога станува збор за домакинствата и бизнис заедницата, има препораки, а за јавните институции задолженија.

Еве дел од препораките за штедење за домакинствата:

–          Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.

Енергетската криза ќе се продлабочи

–          Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури.

–          Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.

–          Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.

Штедење на енергијата може да се реализира речиси насекаде

–          Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата.

–          Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија..

–          Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.

–          Изгаснете ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив.

–          Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.

–          Вадете ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони).

–          Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата.

–          Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуоресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност.

–          Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом.

–          Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила.

Германија и кризата – туширање со ладна вода не е доволно

–          Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти.

–          Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина.

–          Во сезона на ладење подесете ја температурата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.

–          Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,

–          Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите .

Препораките за штедење се слични и за бизнис заедницата ( а комплетните препораки и мерки можат да се најдат на веб страницата на Владата).

Кај јавните институции нема препораки, туку задолженија. Во периодот од 01.09.2022 година до 31.03.2023 година, раководните лица на јавните институции треба преземат соодветни мерки. Мерките се за да се намали потрошувачката на електрична и топлинска енергија за 15% споредено со 2021/2022 година.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?