ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.03.2022
Штетни ли се новите цигари кои не согоруваат од топлина?

Производите кои не се согоруваат на топлина се релативно нови и вклучуваат незапаливи цигари.

Тие содржат тутун загреан на пониска температура за разлика од оној во традиционалните цигари. Ова ослободува пареа со вкус на тутун која содржи никотин, но не произведува оган, чад или пепел. Тие ослободуваат честички од аеросоли кои го загадуваат воздухот со хемикалии и молекули кои можат да предизвикаат оштетување на ДНК и клеточна смрт кај оној кој ги консумира.

Студиите сугерираат дека видовите повреди на белите дробови поврзани со е-цигарите, кои загреваат течни хемикалии што содржат никотин, може да предизвикаат корисниците да се свртат кон уредите кои  „загреваат, а не согоруваат“. Сепак, обемот на истражување на овие нови тутунски производи е мал.

Photo by CDC on Unsplash

Тутунските производи кои не се согоруваат од топлина, создадени како алтернатива на други видови пушење, може да му наштетат на срцето на корисникот, велат истражувачите од Центарот за здравствени науки на Државниот универзитет во Луизијана (LSU) во Њу Орлеанс анализираа речиси 50 студии на луѓе и глодари.

Овие тутунски производи, се наплаќаат како замена за е-цигарите или традиционалните цигари. Но, новиот преглед открива дека тие може да се поврзани со заболувања  на срцето и крвните садови.

Истражувачите откриле дека инхалаторите се поврзани со висок крвен притисок, намалено проширување на крвните садови, вкочанетост на артериите, зголемен пулс и намалена функција на срцето. Тие исто така покажуваат поголем ризик од срцева аритмија, или абнормален срцев ритам кај луѓе со пејсмејкери.

На IQOS официјалната веб страна има информации кои наведуваат дека:

  • Патроните што се користат со уредите IQOS и lil содржат никотин којшто предизвикува зависност.
  • Уредите IQOS и lil не се без ризик. Најдобар начин за намалување на здравствените ризици што се поврзуваат со тутун и никотин е целосно да се престане со нивна употреба.
  • Некои корисници на производи што содржат никотин може да доживеат абдоминална болка, болка во градите, чувство на гушење, кашлица, отежнато дишење, вртоглавица, сува уста, суво грло, гингивитис, главоболка, малаксаност, затнат нос, гадење, иритација на устата, силно срцебиење, иритација на грлото и повраќање.
  • Луѓе кои имаат или се под ризик од срцеви заболувања, луѓе кои се дијабетичари, епилептични или се соочуваат со напади не треба да користат производи што содржат никотин.
  • Производи што содржат никотин не треба да се користат за време на бременост или доење.

Накратко, и традиционалните цигари и новите производи кои не се согоруваат на топлина, односно содржат тутун загреан на пониска температура, содржат никотин и предизвикуваат зависност, имаат штетни влијанија за околината и претставуваат ризик по здравјето на корисникот.

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите