ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.04.2025
Штип УГД во борба за одбојкарската титула

Штип УГД тргнува во битка за титулата во одбојкарското првенство на Макеоднија, што би бил историски успех за штипскиот спорт.

Започнува финалната серија на Одбојкарското првенство на Македонија, како и минатата година, во неа се среќаваат Штип УГД и Струмица. Годинава предноста на домашен терен ја имаат штипјани, па ова го гледаат како голема шанса за прва историска титула. Истовремено, тоа би било обединување на двете титули, бидејќи Штип УГД веќе го освои Купот на Македонија.

-Денеска почнува финалната серија на Одбојкарското првенството, за прв пат во историјата да станеме шампиони на Македоноија, треба да победиме силен противник, и тоа не на еден, туку барем на три меча. Ќе биде доста тешко, со оглед на тоа што ние ја победивме Струмица во купот, а тие сега ќе бидат многу помотивирани да не ни дозволат да го освоиме овој трофеј. Свесни сме за ова, и разбираме дека патот до оваа титула ќе биде трновит. Никој нема да се откаже од оваа трка тукутака, без борба, но ние сме подготвени, изминавме долг пат, многу трениравме и се подготвивме за ова финале, не штедејќи се.

Георги Багаев

Сега повеќе од кога било ќе покажеме и докажеме на сите дека сме достојни да бидеме шампиони, затоа што не само нашите најблиски веруваат во нас, туку и целиот наш град, сите наши навивачи. Одиме на победа во финале и прва титула во историјата на клубот на нашиот град – изјави пред почетокот на финалната серија Георги Багаев, првотимецот на Штип УГД од Белорусија.

Финалната серија започнува вечер (петок, 25 април 2025), во 19 часот, со првиот натпревар кој се игра во салата „Јордан Мијалков“ во Штип.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Во недела, 27 април, трето издание на „Супериор ранс-Стани, трчај“