
Денеска коа оди на работа имаше така повише време додека да стигнам па имаше и повише време да размислувам. А тија сабајлечките мисли ми се некогаш ногу јаки, замислам си како ги запишам и после забраам. Среќа шо не сум ги запишувала до сеа книга ќе напишеше. Мош немало никој да прочита ама ќе ми стое на полицата – книгата е богатство.

И возам си и си ги мотам мислите шо требаше да напраам денеска, у позадината радиото ми пее. Вожњата е ногу убава оти не ни возеш уствари. Стоеш си у место. Ја се чудам зашо толку време сум мислила по пато, обично побрзо ситигнам од точка А до точка Б, ама кај нас коа врне сите сме со колите (и коа не врне де) не оти толку е голем градо туку оти сите брзаме негде. Ама најјако е коа врне, озбилно. Тука у центаро има гулеми колони од коли наместо за 5 минути стигнуваш за 20 и осете се човек како у ногу голем град да живее. Треба да планира човек да тргне порано да стигне на време. Осетеш ја таа гужвата со колите, па некој свире, друг пцуа. Ногу е убав тај адреналин сабајлечки. Стварно чудам и се на тија шо трчат/вежбат сабајле зашо се мачат коа златно одеш си по улиците извикаш си се и после си како нов човек.
Плус сите шо сме со колите ако си купуваме гевречиња сакаме у гевречилницата сосе кола да улеземе оти врне надвор, ќе не натопе. Ние да не сме улави чадри да носеме?? Срамота е тоа чадр да се носе секако сме те до тука за пет минути и паркираме си се до продавничката, трафиката, кафичо или до вратта на школото и завршеме си работа. Плус ногу од нас ги забрават чадрите кај и да одат и затоа не ги ни носат. А ногу е смешно од тие кабаниците да се носе. На такви се умираме од смеење. Облечат чизми за на дош гумени и кабаници турат шо се праат ко да се у некој филм не бива ќе ги растопе. Едноставно аутфито не смее да трпе од времето. Нија сме градски човеци.

Фото: Тоши Трајчев
Ама па и вај дождо ја претера. Прво се радувааме ај ќе има вода за пиење, па ај семињата ќе раснат, ама сеа више не е интересно ич. Ќе мувлосаме, ногу се истури. Ама ај погодија ми ја песната на радио попејаме си со Манаскин. Ногу добра ја направија онаа Бегин, а чудо некое така сме станале изострени на тоа ушите слушаш тоа шо ти одговара не слушаш тоа шо не ти одговара. Роботи сме значи. Ислуша си ја песната исклучи се онам коа почнаа со вестите и шо се ќе се напрае, допрае. Човеците како да сакат да бидат изненадени од направеното не слушат више шо е таксано и оп видат нешто направено – некоја шахтичка, некоја клупичка, некој кош, некоја сиаличка и изненадат се ем се израдуват. Тија се тија животни радости.
И ќе стигнувам пополека, текна ми оти треба да видам за карти за Фреди Меркјури трибјут да зеам. 30 години од смртта на еден од најдобрите пејачи шо некојпат са постојале радувам, се уште од сеа…

Фото: Тоши Трајчев