ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.09.2024
Штипската болница ќе продолжи да се гради догодина?
Автор: Goce Author

Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на Клиничка болница-Штип изјави дека се надева оти градежните активности кои се стопирани на новиот објект на болницата ќе продолжат наредната година.

-Имаме повторно одлука на Влада, со која се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании, коишто би отишле во Кичево и Штип и би ги видели болниците и одлучат, да ни дадат каква проекција имаат, како мислат понатаму да продолжиме. Наш топ приоритет се Клиничката болница-Штип, Клиничката болница-Тетово и Општата болница во Кичево, којашто замислете почнато е да се гради 1996 година и се уште е карабина, изјави Таравари.

Министерот Таравари посочи дека на денешната средба со раководството на болницата и директорот Владко Захариев разговарале за потребните апарати, недостаток од кадар, а старата зграда какошто вели Таравари не е сменета од 2017 година, кога првпат ја посетил  болницата, како министер.

Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација

-Така да денеска конкретно имаме и нов апарат, кој е доделен од министерството за здравство во вредност од околу 200.000 евра. Тоа се средства на министерството се работи за ендоскоп и лапараскоп и цистоуредоскоп, којшто се користат и за дигестивна хирургија, односно торакална хирургија и за урологија. Досега апаратот веќе се користи и докторите се задоволни од користењето на апартот, вели Таравари.

Тој додаде дека Клиничките болници во Штип и Тетово се важни за да функционираат, бидејќи Штип покрива повеќе од 300.000 жители во државата. Министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик министерот за здравство, Јовица Андовски денеска беа во посета на Клиничка болница-Штип.

Балканска олимпијада по информатика од 20-26 септември во Охрид
Ќе се вложува во реновирање на студентските домови