ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.12.2023
Штипските средни училишта прво и второ место во игра за политичка едукација
Автор: Goce Author

Средношколците од Штипските средни училишта прво и второ место на натпревар во Изборологија. Изборологија е игра преку која подобро се запознавате со политичкиот систем и служи за политичка едукација. Турнирот кој се одржа вчера заврши вака:

СОУ”Јане Сандански” – Штип – 1 место

СОУ”Коле Нехтенин” – Штип – 2 место

СОУ”Кузман Јосифовски-Питу” – Прилеп 3 место

СОУ”Јане Сандански” – Струмица – 4 место

СОУУД”Димитар Влахов” – Струмица – 5 место

ССОУ”Коле Неделковски” – Велес – 6 место

СОУ”Кочо Рацин” – Велес – 7 место 

Играчите се натпреваруваат со останати играчи од други школи притоа освојувајќи награда. Интересно е што дел од играчите кои учествуваат си земаат улоги на вистински политичари, па така некои ставаат фотографии од акутелните и поранешни политичари во Македонија, како Никола Груевски, Димитар Апасиев и други.

„Изборологија“ е прва он-лајн друштвена игра за политичка едукација во нашата земја. Преку играта имате можност поблиску да се запознаете со политичкиот систем, да разберете како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори.

Преку носење на стратешки одлуки, спроведување на мерки, активности и остварување на коалиции, играта овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја.

 

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта

Автор: Филип Здравев

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?