Во тек е 39-то издание на Штипско културно лето во Штип. Концерти, изложби, театарски претстави, промоција на книги се дел од содржините на ШКЛ. Од Општина Штип посочуваат дека годинава има вкупно 16 содржини, а идејата е да се создаде добар амбиент во кој граѓаните ќе имаат можност да уживаат.
-Концептот на Штипско културно лето е како и другите лета е во суштина да разоноди, да се создаде амбиент во којшто граѓаните помасовно ќе уживаат во тој летен период. Содржини коишто се прифатливи, допадливи и интересни за различни категории на граѓани. Ние и оваа година имаме направено содржина односно нова Програма којашто по својот карактер е разновидна за секого по нешто. Една од карактеристиките на Штипско културно лето е интеракцијата јас велам, затоа што најголем дел од концертите завршуваат со заедничко дружење на крајот со публиката, спонтано некако се случува да публиката започне да пее или да игра да танцува и продолжува дружењето уште по еден час, вели Кирил Панајотов, од Општина Штип.
Општината како покровител на оваа манифестација издвои околу 850 000 денари од буџетот, а ШКЛ ќе трае до 31 јули.