Клинт Иствуд важи за холивудска икона, а покрај тоа што е во светот на актерството од 1955 година, тој и денес ја импресионира публиката со својата врвна форма. Додека многумина се прашуваат како се уште е толку здрав и полн со енергија, тој строго се држи до три правила кои му помогнале да изгледа така како што изгледа.
Иствуд, кој го прослави својот 92 роденден на последниот ден од мај, отсекогаш ја одржувал формата на телото, а уште како 19-годишник кревал тегови, пренесува Eat This.
Децении подоцна, тој продолжи да се држи до својата рутина на вежбање, фокусирајќи се и на неговата исхрана. Иако неговите навики му помогнале да го одржува здравјето до 90-тите, тие се прилично рестриктивни и нема да одговараат на сите. Еве за што се работи.
Иствуд даде интервју за Muscle & Fitness во 1991 година, кое сè уште може да се најде на интернет. Меѓу другото, тогашниот доктор на Иствуд зборел за неговите навики за јадење и вежбање.
„Телесните масти на Иствуд се помалку од 10 проценти“, вели др. Хари Демопулос. Иствуд исто така коментираше за ова, велејќи: „Никогаш не сум имал многу физички дефекти, но секогаш сум бил прилично уреден во однос на исхраната“.
Др. Демопулос, исто така, ја коментираше исхраната на актерот во тоа време: „Иствуд одржува диета со малку маснотии и богата со протеини. Тој исто така го следи нивото на холестерол, рече тој, потсетувајќи дека неговиот татко починал на рана возраст од кардиоваскуларни заболувања.
Според Health Fitness Revolution, Иствуд избегнува додаден шеќер секогаш кога може, нешто што најверојатно му помогнало да го одржи доброто здравје.
„Држете се настрана од јаглени хидрати, особено богати десерти. Чувајте ги вагите во вашата бања. Одморете се правилно. Обидете се да бидете оптимисти. Јадете овошје и суров зеленчук. Земете витамини. Прескокнете пијалаци полни со шеќер. Избегнувајте премногу алкохол“, вели Иствуд.
Во интервју за списанието Men’s Health, синот на Клинт Иствуд, Скот, ја коментираше исхраната на неговиот татко.
„Татко ми не јаде од задоволство“, рече Скот, „Тој јаде лосос и кафеав ориз за појадок. Претпоставувам дека тоа го добив од него. Ако можам да земам апче што ми ги дава сите хранливи материи што ми се потребни, веројатно би се откажал од храната“, рече тој.