
На 9-ти мај, за првпат, започнува културната манифестација „Очи на Шопов“.
Општата цел на настанот е подигање на културната свест кај младите и нивно овозможување да се вклучат во културата и преку неа да го воскреснат градот. Со неколкуте настани кои се во склоп на манифестацијата значително ќе се зголеми бројот на културни настани конкретно во месец Мај 2025, но и културната заинтересираност и свест. Согласно ова ќе се зголеми и посетеноста на Штип во истиот месец. Поради тоа што дел од настаните ќе содржат натпревари, кај младите ќе се зголеми натпреварувачкиот дух и желбата за вклучување во културните манифестации. Со надраните посветени на Шопов за брзо време ќе се постигне да се извеличи името на Шопов. Со низата настани даваме прилика на талентираните деца да ги истакнат на виделина своите таленти и им пружаме сцена за презентирање на истите, велат организаторите.
Предвидени се бројни активности, а во продолжение целосната агенда за настанот.
Агенда – „Очи на Шопов“ – културна манифестација
09.05.2025 Петок – Ден 1
10.05.2025 Сабота – Ден 2
11.05.2025 Недела – Ден 3
12.05.2025 Понеделник – Ден 4
13.05.2025 Вторник – Ден 5