ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.12.2023
Што би било ако навистина земјата застане?
Автор: Goce Author

„Запрете ја земјата, сакам да се симнам“ – оваа и слични фрази постојат уште од 1950-тите, главно како дел од текстот на песните во класичната и модерната музика. Но, ако планетата навистина престане да се врти, последиците не би имале ни малку романтичен тон како песните, туку се  повеќе би личело на апокалиптичен хорор филм.

Image by Freepik

Замислете како шетате на сончева плажа некаде покрај Екваторот. Земјата нормално ротира кон исток со брзина од 1.674 километри на час. Но бидејќи вие, песокот и се друго околу вас се движите со иста брзина, одењето е бавно, лежерно… Кога светот наеднаш би застанал, нема да има можност да се симнеме,  како во песните, туку би биле исфрлени од планетата.

Благодарение на Првиот Њутнов закон за инерција, „летот“ првично треба да биде на исток со брзина од околу 1.674 километри на час. Без разлика каде ќе слетате, дали на океан или на земја, силата на ударот веројатно ќе ве убие.

„И водата би го почувствувала ова ненадејно забрзување, па морињата и океаните би биле прилично разбранувани“, вели Џозеф Леви, професор по геонауки и животна средина на Универзитетот Колгејт.

Дури и дрвјата и зградите не би биле безбедни, и покрај тоа што имаат темели и корени.

Студија на НАСА предвидува големи поплави за десетина години поради месечината!

Инерцијата што би ја „турнала“ зградата кон исток од ненадејното запирање на Земјата би била многу посилна од малтерот што ги држи тулите заедно, па целата конструкција би можела да се урне, рече Леви.

Интересно, вашиот хипотетички роднина на Антарктикот веројатно би преживеал, но со модринки. „Во близина на половите, брзината на ротација е многу помала. Но, мора да бидете многу блиску, на 89,9 степени географска широчина или на десет километри од половите. На таа далечина, веројатно само малку ќе се сопнете“ објаснува Леви.

Запирањето на земјата може да не „однесе“ со брзина од 1674 километри на час

Но, вашите пријатели во Данска или Австралија веројатно не би поминале така лесно. Повеќето места каде што живеат луѓето се доволно далеку од половите што нивните жители би летале стотици километри на час.

„Сепак, во природните системи, ништо навистина не застанува веднаш“, рече Леви. Значи, можеме да го поставиме прашањето: „Што ако Земјата забави во текот на неколку дена или недели?

Постепеното забавување би можело да ве спречи да полетате кон небото, но кога ќе престане, сепак ќе бидете во големи неволји, велат научниците.

„Во текот на годината, додека Земјата орбитира околу Сонцето, половина од планетата би била во ноќ, а половина во целосна светлина. Наместо 12 часа, денот би можел да трае шест месеци. Континуираното сонце би ги изгорело посевите и би испариле големи количини вода во една половина од светот“, додаде Леви.

Кои се најсмртоносните места на Земјата?

Следната шестмесечна ноќ веројатно нема да биде многу подобра. Недостатокот на светлина и топлина веројатно ќе убие многу од преостанатите растенија и ќе ја замрзне водата претворајќи ги во ледени плочи.

Повисоките географски широчини може да бидат побезбедни. Сончевата светлина нема да биде толку интензивна во близина на половите, рече Леви. Но, луѓето би морале да се навикнат на номадскиот начин на живот, засекогаш бркајќи ја дневната светлина низ светот.

Можеби ќе треба да се соочиме и со некои неочекувани временски прилики. На Земјата, додека  ротира, најголемиот дел од зрачењето на Сонцето го погодува екваторот на планетата.

Секој век ротацијата на земјата забавува за 2,3 милисекунди

„Општо земено, топол воздух се издига над екваторот и паѓа над половите откако ќе се олади. „Океанските струи следат сличен циклус нагоре и надолу“, рече Леви.

Но, кога само половина од планетата добива интензивна сончева светлина со месеци по ред, планетата добива втор, страничен температурен градиент, што ја прави временската прогноза двојно комплицирана.

Photo by Zoltan Tasi on Unsplash

„Ветровите би дувале преку линијата на сенката, враќајќи го студениот воздух од ноќната страна, каде што би се загреал и се подигнувал на дневната страна“, додаде Леви.

На крајот, сепак, логичното прашање би било – дали планетата навистина може да престане да се врти? Научниците велат дека нема потреба од паника.

Сепак, ротацијата на Земјата се забавува благодарение на процесот наречен плимно сопирање. Гравитацијата на нашата Месечина создава мал отпор кон вртењето на нашата планета. Секој век ротацијата на Земјата забавува дополнителни 2,3 милисекунди, според податоците на НАСА.

Но, малку е веројатно дека Месечината некогаш целосно ќе ја запре Земјата. „Земјата е многу поголема од Месечината и како резултат на тоа има многу поголем аголен моментум“, рече Леви.

Практично е невозможно за кој било објект во вселената да ја запре ротацијата на Земјата. „Аголниот импулс на Земјата е премногу голем за нешто помалку од целосна катаклизма да го забави“, рече Леви.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?