ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.04.2024
Што би направиле ако освоите џекпот од 1,13 милијарди долари?
Автор: Goce Author

Играч во Њу Џерси успеа да ги погоди сите шест броеви на извлекувањето на Мега Милиони, освојувајќи џекпот од 1,13 милијарди долари. Ова е првпат да се добие џекпот оваа година, кој постојано растеше од декември 2023 година.

Среќниот носител на билетот ги погоди сите шест извлечени броеви, белите топчиња 7, 11, 22, 29 и 38, плус златната Мега топка 4 за да ја однесе проценетата награда од 1,13 милијарди долари.

Прописите за лотаријата во Њу Џерси му дозволуваат на добитникот да избере да остане анонимен, така што не е сигурно дека некогаш ќе го дознаеме идентитетот на лицето.

Штотуку освоената награда од 1,13 милијарди долари беше петта по големина во историјата на Mega Millions. Имаше опција за готовина од 537,5 милиони долари. Но, победникот не ја избра опцијата за готовина, туку ануитет, што значи дека ќе ја добива исплатата во текот на следните 30 години. По победата, џекпотот е ресетиран на 20 милиони долари со опција за готовина од 9,5 милиони долари.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Кирил Стојанов

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе