
Секоја општина во Македонија има свои симболи и по нешто е препознатлива. Некои имаат ориз, некои јаболка, некои пастрмајлија, но на сите им недостасува дизајнери. Дизајнот на општинските грбови, во најмала рака, е невообичаен или нестандарден. Направивме селекција од „најинтересните“ дизајни, а вие одлучете кој ви е вам најинтересен или најсмешен. Тешко беше да издвоиме неколку, но ќе одиме по азбучен ред.

Случајно или не се погодија од помалку „чудни“ до најчудни дизјани. Првиот е на Брвеница. Дизајниран е во 1990 година (како што може да се види), а изгледа како да е дизајниран стотина години претходно.

Грбот на Велес го избравме не заради тоа што има лош дизајн, туку заради тоа што личи на насмеано лице.

Грбот на Општина Врапчиште e 8 битен дизајн? Некако овој дизајн сега е и модерен. Малку како дизајниран во играта Minecraft.

Општина Зелениково сигурно дале шанса на некое дете да го дизајнира нивниот грб. Како за дете и не е лош.

Општина Кавадарци уште да го обојат и ќе биде готов.

Општина Конче имаат црква, река, планина и сонце. Пре креативно.

Петокрака за Пласница. Дизјаниран очигледно во 1996 година, ама со петокрака на чело.

Сопиште, дали е тоа сателитска чинија во дизајнот?
Теарце, дали е тоа куче во дизајнот?

Чучер Сандево е апсолутен фаворит. Личи на тело без раце и глава… а тоа црвеното, се надевам е територијата на Чучер Сандево?