ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.03.2022
Што е тоа Диоген синдром и дали го имате?

Сте слушнале ли за Диоген синдром? За што станува збор, како влијае и што се треба да се знае за него?

Најчесто луѓето кај кои што е присутен овој синдром, имаат потреба од занемарување на самите себеси. Тие остануваат без желба за грижа кон себе и околината, покажуваат знаци на сериозно само – занемарување и  социјална изолација, а често ја запоставуваат и личната хигиена.

Бидејќи Диогеновиот синдром се јавува и кај други состојби, до сега е малку истражувано на оваа тема. Сепак сегашниот „Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања“ – DSM V го наведува како психијатриска состојба.

Диоген бил грчки филозоф кој е познат во јавноста по тоа што живеел во буре во IV век.

Што е Диоген синдром?

Мажите или жените на било која возраст и социо – економски статус може да го имаат овој синдром. Истражувањата покажале дека станува збор најчесто за луѓето кои живеат сами. Може да биде последица од нарушено ментално здравје и недостаток на комуницирање со други луѓе.


Осаменоста опасна исто како и алкохолот, загадениот воздух…. 


Кои се симптомите?

Симптомите може да бидат различни, ама истражувањата велат дека присуството на заедничките карактеристики на знаците на самозанемарување се клучен знак за присуството на овој синдром. Тие се:

  • Слаб увид или разбирање на самохигиената, јавното здравје и безбедноста
  • Недоверба кон општеството
  • Параноја и сомневање кон се’ и секого
  • Анксиозност
  • Потреба од чување на стари и непотребни работи дома
  • Живеење во нехигиенски услови
  • Лоша исхрана и неспремност да се прифати фактот за надворешна помош
  • Недоверба во медицинските лица
  • Непријателско однесување

Најчесто заради занемарување на хигиената, лицата кои страдаат од овој синдром се склони кон развивање на кожни болести.

Кога се појавува?

Истражувањата се уште се вршат на поединци, а не на групи кај кои е присутен Диоген синдром. Некои извори проценуваат дека овој синдром се јавува како последица на претрпен стрес, односно како резултат на трауматски настан (пример смрт на блиска личност). За време на неволја и тага личноста ја занемарува потребата за внимание кон самата себеси.

Третман

Се уште не постои формална дијагноза или план за третман на Диогеновиот синдром. Некои студии велат да се направи комплетна медицинска и психолошка историја на личноста, па врз основа на тоа да се пронајде која е причината за појава на ваквата состојба. Најчесто се препорачуваат лекови за смирување и посета на соодветно медицинско лице кое што ќе работи на психичкото здравје на пациентот.

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите