
Ова интервју за Кушинговата болест го направија двајца студенти на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Интервјуото го водеа со докторката Др.Радмила Милошеска, специјалист ендокринолог. Гоце.мк ви го пренесува во целост.
Главна цел на ова интервју е препознавање на Кушинговата Болест, нејзините симптоми, правилната дијагноза и третманот на оваа болест.
Со таа цел направивме интервју со Др.Радмила Милошеска, специјалист ендокринолог при ГОБ 8ми септември, која ни ги посочи сите клучни елементи кои ја опишуваат оваа болест.

Др. Радмила Милошеска – Специјалист ендокриноголог
Кушинговата болест претставува ендокринолошко заболување кое се карактеризира со екцес ( зголемена продукција ) во создавањето на гликокортикоиди на ниво на надбубрег. Додека кај Морбус Кушинг има зголемена продукција односно екцес на гликокортикоиди на ниво на хипофиза.
Кај овие пациенти има појава на обезност која е назначена во обемот односно струкот, а намалување на мускулатура до појава на атрофија на екстремитетите. Овие пациенти имаат и ,,Месесто,, лице како и ,,Бафало,, грпка.
Дијагнозата се поставува врз основа на физиономијата на пациентот и употреба на лабараториски и дополнителни испитувања. Од кои лабараториски испитувања се користат испитување на кортизолот и ацтх. Нивото на Кортизол треба да е повисоко со супресија на ацтх, се со цел да се исклучи – Синдрома кушинг. Потоа се прават испитувања на ЛДЛ холестеролот, како и нивото на натриум и калиум се со цел да се исклучи појавата на хипернатремија и хипокалемија кои ги развиваат овие пациенти. Од дополнителните испитувања се прави декса скен поточно метода со која се мери минералната коскена густина односно квантитетот на коските заради тоа што, овие пациенти развиваат остеопороза како резултат на гликокортикоидите кои ги разградуваат коските.
Дополнително овие пациенти имаат и хипертензија која е резистентна на терапија со антихипертензиви. Овие пациенти имаат и нарушување во гликемичниот статус затоа што гликокортикоидите го зголемуваат нивото на глукоза во крвта, а индиректно можат да доведат до појава на диабетес мелитус тип 2.
Се прават и супресорни тестови поточно 1милиграмски тест или брз дексаметазонски тест со кои доколку не добиеме доволни податоци се прави класичен дексаметазонски тест.
Kогнитивно-бихејвиорална терапија – ефикасен третман против депресија
Оперативен доколку се работи за Морбус кушинг кој оперативен зафат се изведува ако постои микроаденом кој е помал од 1сантиметар. Кај овие пациенти е битно постоперативното следење на нивото на кортизол, се со цел превенција од појава на адренална криза. Затоа овие пациенти се третираат медикаментозно со декортин или хидрокортизон Како најнов лек кој не е регистриран во Македонија се користи ОКСИЛОДРОСТАТ – 11 бетадехидролаза ензим инхибитор кој се дава исклучиво кај ацтх зависни (иноперабилни) аденоми, или кај ектопична форма.
Кај операбилни аденоми ( на надбубрег), пост оперативно со редовни контроли – уредна прогноза. Кај иноперабилни ( на хипофиза ) или ектопичен постои опција третман со гама нож ( стереотактична техника која служи за лекување на тумори со зрачење, чија цел е да се спречи понатамошно растење на туморот). – Нарушен квалитет на живот.