ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.01.2022
Што се диспечерските компании кои вработуваат голем број млади во Штип и регионот?

Диспечерски компании – тоа е називот меѓу младите низ Штип и регионот, но што се во суштина тие компании и за кого работат? Станува збор за транспортно – логистички фирми кои даваат услуги на клиенти кои имаат потреба од транспорт, главно во САД или Европа.

Да се запознаеме подобро влеговме во една од поголемите и постарите во Штип – Супериор Диспеч Сервис (Superior Dispatch Service). Индустријата моментално е магнет за младите, не само поради релативно високите плати, туку и поради условите кои се нудат за работа.

Оваа компанија е поразлична од другите затоа што ние на вработените гледаме на луѓе на кои им нудиме можност да градат кариера. Ова не е позиција да поработите некој месец и да си одите. Ние сакаме да оставиме траен белег во градот и регионот, вели Дејан Ѓошев, менаџер за човечки ресурси во компанијата.

Дејан Ѓошев – Менаџер за човечки ресурси

Моментално Супериор има околу 100 вработени, но таа бројка ќе биде многу поголема кога оваа компанија ќе се премести во ново купениот простор во строгиот центар на градот – поранешна Стопанска Банка.

Нашата компанија посветува огромно внимание на вработените и атмосферата за работа. Вработените се дел од семинари и обуки за усовршување и професионално растење. Со тие можности покрај сертификатите, вработените добиваат и знаење, вештини и способности  со што се подобруваат перформансите како и организациската ефикасност, вели Ѓошев.

Се соочиле со проблем, за да го решат формирале денес успешна компанија

Компанијата ќе биде дел од современ Бизнис Центар кој ќе биде можност и за нови инвеститори

Компанијата гради Бизнис центар во центарот на Штип, во кој ќе имаат можност сите компании од градот и државата да одржуваат состаноци за свои клиенти и деловни партнери.

Во тој Бизнис центар каде ќе биде сместена и нашата компанија. Очекуваме голем дел од нашите соработниците од САД и Европа да доаѓаат се почесто и да дознаваат многу повеќе за Штип и Македонија, а со тоа ќе се отворат нови можности за нови инвестиции во регионот и ќе го откријат потенцијалот на нашите компании и вработени. Таму ќе имаме капацитет да го зголемиме бројот на вработени за три пати, но тоа воедно ќе повлече и други потреби. Ќе отвориме едукативен центар во кој вработените ќе можат да ги остават децата во текот на работниот ден на неколку часа. Тоа ќе биде центар кој ќе им овозможи на децата да имаат едукација, курсеви, забава и слично“, вели директорот на компанијата Супериор, Филип Митев.

Филип Митев – Директор

Ова ќе биде прва компанија од Штип која на своите вработени веќе им нуди можност за приватно здравствено осигурување.

Приватното здравствено за вработените е во завршна фаза. Тоа ќе значи дека сите наши вработени ќе имаат можност бесплатно да се лекуваат во сите приватни болници во Македонија. Имаме тим билдинзи постојано, нашите вработени имаат платени термини во спортски објекти каде можат да спортуваат. Најдобрите вработени ги праќаме на заслужен викенд со семејството на товар на компанијата“, вели Митев.

Во Супериор аплицираат за работа луѓе од цел свет – доаѓа вработен од Кенија?

Со оглед на тоа дека Супериор работи со компании од САД тие се обидуваат и да воспостават таков начин на третман на вработените. Тие во тоа ја гледаат и популарноста на компанијата кај младите луѓе во градот, но и пошироко.

Јас сум од Велес, имаме луѓе буквално од цела Македонија. Интересно е што имаме апликации за работа дури од други држави. Постојано ни пристигнуваат апликации од регионот, а веќе сме во завршна фаза да примиме и кандидат од Кенија, кој е подготвен да се пресели во Штип. Нашиот тим беше дел од неколку емисии во странски медиуми каде пред милионски аудиториум ја претставуваа нашата компанија и нашата држава. За нас како компанија претставува огромна чест и огромен успех да бидеме дел од овие емисии каде потврдивме дека сме една од водечките компании во оваа индустрија., вели Бошко Гочевски, менаџер на регрутирање и маркетинг одделот во компанијата.

Бошко Гочевски – Менаџер на регрутирање и маркетинг оддел

Се ќе застане – транспортот никогаш

Работата на оваа и слични компании е транспорт и логистика. Наоѓаат работа за превозници и наоѓаат превозници на оние на кои им е потребно. Меѓутоа Супериор се проширила до ниво да дава комплетни услуги, не само транспорт.

Застапени сме во секој сегмент и во сите делови од транспортната индустрија, а со тоа нудиме и комплетни услуги. Ако некој има, на пример пет камиони, може само да ги користи услугите  на Супериор Диспеч Сервис и да очекува профит., вели Здравко Митев менаџер на одделот за брокериџ.

Здравко Митев – Менаџер на одделот за брокериџ

Во Македонија има неколку вакви компании кои имаат вработено стотици, генерално млади луѓе. Потребните квалификации се познавање на англиски јазик, добри комуникациски вештини, но и желба за кариерен напредок. Некои вработени овие фирми ги гледаат како можност за брза заработка, но во суштина планот на дел од овие компании е да останат подолго време во регионот. Како што велат тие, се ќе застане, транспортот никогаш. Тоа го видовме и во корона кризата – целиот свет застана, камионите вртеа!

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите