Денеска се дружиме со Дејан Малзарков од Гевгелија, ликот кој што успева да се претвори во различни карактери и да ја насмее цела наша држава. Тоа го прави преку неговиот проект „Диверзија“. Верувам дека сте погледнале барем некое негово видео, па ајде да видиме кој е всушност Дејан и што се крие позади „Диверзија“.
Диверзијата во превод е операција за да се привлече вниманието на непријателот. Зошто „Диверзија“?
- „Зошто „Диверзија“? Па ете, одлучивме на свој начин да бидеме отпор на се што е лажно, нечовечки, неморално, а тоа да го направиме преку хумор. За наша среќа хуморот секогаш ни бил начин на комуникација, па името совршено се вклопи.“
Бојан Велевски: „Што е твое ќе си дојде, ама мора и ти малку да го побараш.“
Идејата за проектот се родила сосема спонтано. Без некакви очекувања и планови.
- „Немав никакви очекувања. Едноставно бев свесен дека кога би имал шанса да бидам слушнат, многу луѓе би сфатиле каква порака сакам да им пренесам преку хумористичен начин. За тоа сум им многу благодарен. Ако го правиме тоа што навистина го сакаме, тогаш го имаме вистинскиот начин за да ги привлечеме околу себе вистинските луѓе кои ни се потребни.“
Во видеата се појавуваат повеќе ликови кои се со многу спротивни карактери. Кој од нив најмногу се совпаѓа со карактерот на Дејан?
- „Ниеден, а истовремено сите. Ликовите се измислени, ама поседуваат карактерни особини кои ги има секој од нас. Сите сме „Диверзија“ без разлика дали ќе прифатиме или не.“
Дејан вели дека снимањето на видеата е секогаш различно. Најчесто тоа зависи од тоа каква порака сака тој со неговиот тим да испрати преку видеото.
„Зависи и од тоа колку сме спремни да издржиме да бидеме сериозни за време на снимањетo (низ смеа). Од технички дел времетраењето зависи од темата која ја обработуваме, кои ликови одговараат за дадената тема, каква цел има видеото, дали треба само да ги насмее гледачите или пак сака да испрати некаква порака. Некои клипови се наменети за дезинформациите кои често ги има по социјалните мрежи, некои за ширење свест…“
На прашањето кој е омилен комичар на Дејан, добивме еден необичен одговор.
- „Секој човек кој што поминал низ мрачен период во својот живот и преку хумор решил да го надмине.“
Дневна доза мотивација?
- „Самопронајди се! Нема ништо подобро од тоа, бидејќи таму е целата твоја убавина, радост и мир. На светот тоа му треба. И уште поважно, такви си требаме на самите себеси.“
Во продолжение погледнете уште едно видео од „Диверзија“ и насмејте се. Денот е поубав со насмевка.
Можеби ќе ве интересира