
Дебатата околу македонскиот идентитет, јазик, име и култура трае преку 30 години и ден денеска продолжува. Токму на оваа тема сакавме да знаеме што одговарааат денес најмоќните ботови со вештачка интелигенција – ChaGPT и Gemini на Гугл.
Gemini одговори: Македонски може да реферира на неколку работи. На македонски јазик кој го зборуваат околу 2 милиони луѓе во Северна Македонија. На Македонци како етничка група кои најголем дел од нив живеат во Северна Македонија, а имаат свои заедници во соседните држави. На Северна Македонија, земја во Европа. На Античка Македонија, моќно царство во Античка Грција кое одиграло значајна улога во ширењето на грчката култура во античкиот свет.
Целото ова објаснување Џемини го дава со многу важна забелешка која вели:
Употребата на терминот „Македонија“ понекогаш може да биде сложена. Исто така, постои голем географски регион наречен Македонија, кој опфаќа делови од неколку земји во Југоисточна Европа, додавајќи некои други контексти во употреба на овој термин.
Македонец е лице кое припаѓа на народноста Македонци и обично има македонско потекло. Терминот “Македонец” се однесува на лицето од Република Македонија или на лице со македонско потекло каде и да се наоѓа во светот. Најчесто, македонскиот идентитет е поврзан со културните, историските и етничките карактеристики на Македонија, како и со употребата на македонскиот јазик.
Важно е да се забележи дека терминот “Македонец” може да има различни конотации, вклучувајќи етнички, културен и граѓански идентитет, и тоа може да биде предмет на различни интерпретации во зависност од контекстот и перспективата.
Тој даде долг одговор но сумирано одговори: Важно е да се направи разлика меѓу луѓето кои живеат во регионот Македонија во Грција. Тие се етнички Грци. Граѓаните на Северна Македонија се доминантно етнички Македонци со свој јазик и култура. Иако овде има историски и географски преклопувања не може да се генерализира и да се тврди едноставно дека Македонците се Грци.