
Сакате овошје и зеленчук, но од време на време сакате и месо? Не грижете се, вие сте флекситарјанец. Ова е тренд кој зема се поголем замав во светот. Самиот термин е комбинација од флексибилен и вегетаријанец.
Некои оваа зона ја нарекуваат полу – вегетаријанска. Во суштина ова е храна базирана главно на растително потекло, но само ретко консумирање на месо или риба. Некои научни истражувања веќе покажуваат дека ваквиот вид на исхрана имаат позитивни ефекти врз човековото здравје. Некои истражувања покажуваат дека ваквиот вид на исхрана има позитивни ефекти и за Кронова болест.
Оние кои се придржуваат кон оваа диета велат дека е и поздрава. Користењето на протеини од грав, леќа или леблебија се поевтини отколку протеините добиени од парче месо. Велат дека оваа храна треба да се базира на оние работи кои можеби се и најевтини во продавниците. Зеленчукот, овошјето, житариците и останати продукти кои се од растително потекло. Тоа не значи дека вам ви е забрането да консумирате месо. Консумацијата на месо можете да ја ограничите на еднаш во неделата, па дури и поретко. Така, велат истражувања, ќе си го подобрите здравјето, но и ќе придонесете за по самоодржлива прехранбена индустрија.
Нутриционистот Даун Џексон Блатнер уште во 2009та година ја напиша книгата „Флекситарната диета: претежно вегетаријански пристап за слабеење, подобро здравје, да се спречат болести и да се додадат неколку години на својот живот“ .