ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.05.2024
Што ветија победниците на овие избори за младите и студентите?

Вчера завршија двојните избори во Македонија. Пред изборите партиите ветуваат се и сешто, а после изборите и за време на владеењето ретко се држат до она што го ветиле. Токму затоа од победничката коалиција „Македонија повторно твоја“ , предводена од ВМРО – ДПМНЕ, издвојуваме што е она што го ветија во својата програма насловена „Платформа 1198“. Програмата на оваа коалиција се состои од 224 страници на различни теми. Ние го анализираме делот за младите и студентите. Овој дел е насловен како „Време на младите“ и во програмата е одвоено 6 страници за проектите поврзани со младите.

Програмата е насловена 1198 затоа што толку проекти има предвидено во неа.  Од овие 1198 проекти 21 се посветени на младите и студентите, или вкупно 1,7%.

Проектите кои ги предвидува оваа програма се следните:

  1. 70 000 нововработени млади луѓе

    • Приоритет на новата Влада е да обезбеди сигурни и добро платени работни места за младите луѓе во Македонија. Преку креирање на подобра бизнис клима, ќе се отвораат работни места со повисока додадена вредност, достапни за младите
  2. Ослободување од данок на личен доход за нововработени млади лица до 29 години

    • Со оваа мерка предвидено е работодавачите да добијат ослободување од плаќање данок на личен доход по основа на плата за секое нововработено младо лице од моментот на вработување до месецот кога лицето навршува 29 години.
  3. Загарантирана понуда за работа на 500-те најдобри студенти

    • Преку посебна програма на Агенцијата за вработување, секоја година 500 студенти со највисок академски успех од додипломските студии на јавните универзитети, ќе овозможиме да добијат понуда за работа во приватниот и во јавниот сектор.
  4. Хонорарна (part-time) работа за студенти

    • Преку законски измени предвидуваме можност секој студент да работи на скратено работно време без да го изгуби статусот редовен студент и можноста да аплицира за стипендии
  5. Вештини за професиите на иднината

    • Во соработка со универзитетите и едукативни платформи ќе обезбедиме до 5000 едногодишни обуки за напредни дигитални вештини согласно со потребите на домашните ИКТ компании.
  6. 5 милиони евра за претприемачка иницијатива на млади

    • Владата на ВМРО–ДПМНЕ ќе обезбеди пет милиони евра за претприемачки иницијативи на младите како сеопфатна програма за поддршка на младинското вработување.
  7. Дигитално поврзување со светот

    • Младите луѓе најмногу ги користат придобивките на Интернетот, глобализацијата и модерното доба, а главен извор на заработка за некои од нив се токму трансакции од странскиот пазар.
  8. Дигитални иновациски хабови

    • Ќе поддржиме формирање на младински иновативни центри со образовни и технички ресурси и простор за работа.
  9. Младинско волонтирање во јавни институции

    • Иницијатива за поттикнување волонтирање и практична работа во јавните институции за средношколците и студентите
  10. Е-ваучер за дополнителни обуки и неформално образование

    • Кофинансирање на обуки преку систем на ваучер, на познати онлајн платформи за едукација за талентирани студенти

Кои се најмладите избрани градоначалници во првиот круг?

  1. Нова генерација земјоделци

    • Нашата цел е во следниот мандат да имаме нови 5 000 млади земјоделци
  2. М – апликација за младински стандард

    • Ќе изработиме мобилна апликација преку која сите млади ќе имаат можност да користат попусти за влез во театри, музеи, институции од областа на културата, јавен превоз (автобуски и железнички), спортски натпреварувања и други настани
  3. Бесплатен интернет за млади

    • Предвидуваме бесплатен безжичен Интернет за младите во сите студентски и ученички домови, библиотеки, читалници, младински центри и факултети.
  4. Модерни студентски и ученички домови

    • Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ се обврзува дека ќе ги реновира сите студентски и ученички домови во државата
  5. Достоинствен студентски оброк

    • Предвидуваме целосна промена на студентскиот оброк, со зголемување на износот во текот на академската година за студентите.
  6. 50 милиони евра за стипендии за студенти и средношколци

    • Владата на ВМРО–ДПМНЕ во следниот мандат ќе обезбеди 50 милиони евра за стипендирање на средношколци и студенти
  7. Воведување на е-библиотеки на факултетите

    • Ќе иницираме и ќе поддржиме целосна дигитализација на факултетските библиотеки на државните факултети
  8. Кариерни центри за професионално кариерно советување на младите

    • Предвидуваме отворање нови кариерни центри во рамки на државните универзитети и средните училишта
  9. Читалници и библиотеки

    • Владата преку меѓуресорна соработка ќе изврши реновирање и модернизирање на повеќе библиотеки и читалници во државата.
  10. Посебен сектор за млади во рамки на Министерство

    • Ќе предложиме сегментот за млади да добие секторско значење и приоритизација во Министерството за социјална политика, демографија и млади.
  11. Младински центри низ цела Македонија

    • Отворање на младински центри во повеќе градови во Македонија

ИКС: Партиите и медиумите креираат штетни наративи

 

Ветувања за младите даваше и новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Во нејзината програма насловена „Македонија повторно горда“ има околу 34 страници, а за младите се предивдени 2. Сегментот за млади е насловен „Претседателка пријател на младите“, а од проекти предвидени за млади се вкупно 5.

  1. Воведување на позиција во Кабинетот – советник за млади

    • Советникот за млади, претставува одговорно лице во Кабинетот на претседателот кој ќе раководи со новоформираниот Совет за млади
  2. Формирање Форум за млади

    • Ќе промовирам Претседателски форум за млади со цел консултации за прашања и јавни политики кои се битни за младите
  3. Практикантство

    • Mожност за практикантство ќе им се даде на најдобрите млади луѓе кои така ќе може да се стекнат со важно кариерно искуство
  4. Амбасадори на добра волја

    • Ќе промовирам т.н. амбасадори на добра волја од редот на наши млади професионалци од земјава и од целиот свет
  5. Меѓународна школа за лидери

    • Ќе ја продолжам веќе воспоставената традиција на претседателски школи за лидери

 

Ова се проектите предвидени за млади и студенти од страна на победничката коалиција, која треба да ја формира новата влада и од новата претседателка на државата.

Вака многу лесно, на крајот од нивниот мандат, може да се провери колку од овие ветувања се исполнети.

Младинските центри можност за вклучување на младите во локалните политики

 

 

МОН: Неделава ќе има резултати од конкурсите за стипендии за магистерски и докторски студии
Матура ќе се полага во холови и спортски сали