ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2022
Штрајкот на СОНК во мирување, МОН почна постапка за помирување
Автор: Goce Author

Штрајкот на СОНК се става во мирување, по добивањето на известување од МТСП за започнување на постапка за помирување според Законот за мирно решавање на работни спорови.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес конференција изјави дека првпат во неговото синдикално искуство се соочува со примена на вакви одредби од закон и досега не биле побарани.

Советот на СОНК расправал за добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика, Во известувањето стои: „Почитувани, Министерството за труд и социјална политика доби известување од страна на МОН за  нивно пристапување кон мирно решавање на кочлективниот спор со СОНК. Оттука известуваме дека според член 19 став 2 од Законот за мирно решавање на работните спорови, МТСП по службена должност покренува постапка за помирување и одредува лице помирувач од регистерот на помирувачи и арбитри“.

–Врз основа на ова добиено известување, денеска Советот на СОНК расправаше и ги анализираше законските одредби согласно Законот за мирно решавање на рабпотните спшорови, изврши детална анчлиза на тие законски одредби. Констатиравме дека Советот на СОНК и СОК се легалисти и се за шочитување на законите. Од таа причина, дел од одредбите водат кон тоа дека додека трае периодот на помирување и решавање на спорот помеѓу двата спротивстваени табори, доколку се однесува на штрајк, штрајкот треба да се стави во мирување. Извршивме консултации со по веќе правници, адвокати и судии, факт е дека ќе мора да постапиме согласно законот и дека ќе мораме штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа ќе значи дека од денеска, од носење на таа одлука , Одлуката за влегување во генерален штрајк на СОНК ја ставаме во мирување се дотогаш додека не се реши спорот, рече Неделков.

Примената на Законот за мирно решавање на работни спорови обврзува на прекин на штрајкот

„Ние сме убедени дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните заеднички решенија онаму каде што застанавме во преговорите и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Инаку, доколку не се усогласиме во ставовите со ресорното министерство (МОН), верувајте, сакам да ја уверам и јавноста и нашето членство дека штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, се надевам дека и Владата и МОН и МТСП , еве и нив ќе ги повикам во овој дел на помирување, ќе изнајдеме решение за сите спорни прашања. Инаку убедени сме и дека платите ќе бидат зголемени толку колку што бараме, толку колку што се можностите, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени, колективните договори за основно, средно и детска заштита ќе бидат потпишани. Секако и сите оние придобивки кои со колективни договори баравме да се внесат, како што е превоз на вработени, регрес за годишен одмор, како и динамика на зголемување на платата во наредните години, особено во 2023 година – изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Тој уште еднаш нагласи , посебно за членството на СОНК, дека ставањето на штрајкот во мирување е само почитување на законот за мирно решавање на работни спорови, и ако не се договорат во законскиот рок, штрајкот повторно ќе биде активиран.

Одложен и протестот на 4 мај – да нема притисок врз преговарачите

На  новинарско прашање за најавениот протест на 4 мај, Неделков одовори дека е подобро да нема протест, за да не се врши притисок врз преговарачите, за да се дојде до подобри резултати. Во врска со роковите за постигнување договор, максималниот рок е 20 дена (првично десет дена, ако не се дојде до договор, ќе траат преговорите уште десет дена).

ДИЦ до матурантите – има решение за државната матура

На прашањето за тоа дали на штрајкувачите ќе им бидат исплатени плати или само придонеси, Неделков одговори:

–Тоа е еден од условите за штрајкот да запре или да продолжи. Ние тврдиме дека штрајкувачите имаат право на цела плата, на сите дневници, од друга страна министерството тврди нешто друго. Сепак ова е спор, и и во овој спор, ние на маса, во помирувањето, со мирно решавање мора да се реши и ова прашање.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?