ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.06.2023
Шведска наскоро прва земја без цигари
Автор: Goce Author

Шведска е на пат да стане една од првите земји во светот „без чад“, односно земја каде не се пуши, ако се знае дека помалку од 5 отсто од возрасната популација пуши.

Таа може да ја постигне оваа цел во наредните месеци – 17 години пред целта на ЕУ за 2040 година, со пад на стапките на пушење од 15 отсто на 5,6 отсто во последните 15 години.

„Ниту една друга земја на ЕУ не е ни блиску до ова“, изјави за Euronews д-р Делон Хуман, коавтор на извештајот „Шведското искуство: патоказ за општество без чад“.

Објавувајќи војна против пушењето, Португалија неодамна забрани електронски цигари да се пушат на отворени простори до јавни згради. Слични чекори кои ги презедоа неколку други европски земји.

Шведска на пат за земја без пушење, Португалија ги забрани електронските цигари на јавен простор

„Нема тутунски производи без ризик, но електронските цигари, на пример, се 95 отсто помалку штетни од цигарите“, изјави д-р Хуман за Euronews. „За пушачот е многу подобро да се префрли од традиционалните цигари на алтернативни производи отколку да продолжи да пуши“.

Дилема разрешена со мислење – електричните цигари можат да се користат во затворени простории

Иако се подобри за човековото здравје, вапените влијаат на животната средина.

Од друга страна отпадот од тутун – е еден од најголемите извори на загадување со пластика во светот. Секоја секунда во Велика Британија се фрлаат две електронски цигари, покажува истражувањето на Material Focus.

„Придобивките од стратегијата на Шведска се огромни“, рече д-р Хуман.

Тој укажа на статистиката која покажува дека земјата има најмал процент на болести поврзани со тутунот во ЕУ и 41 отсто помала инциденца на рак од другите европски земји.

Швеѓаните, исто така, имаат речиси 40 отсто помала стапка на смртност од болести поврзани со тутунот, како што се мозочни удари, срцеви и белодробни заболувања, емфизем и хроничен бронхитис.

Највисок процент на пушачи во Европа има Бугарија – 28,2 % од населението

Smoke Free Sweden, група која спроведува кампањи, вели дека трендот на „гасењето на цигарите“ спасува повеќе од 3.400 животи секоја година. 2,84 милиони животи ширум ЕУ би можеле да бидат спасени, доколку се следел нивниот пример.

Невладината организација се обидува да ги прошири своите напори во други земји, како што е Бразил.

Нов Зеланд усвои закон кој го забранува пушењето за следните генерации

Највисок процент на пушачи во Европа има Бугарија каде 28,2 отсто од населението консумира тутун дневно. Турција (27,3 отсто), Грција (27,2 отсто), Унгарија (25,8 отсто) и Летонија (24,9 отсто). Ова се податоците на европската статистичка агенција Еуростат.

Грците беа историски едни од најтешките пушачи во Европа. Сепак, студиите покажаа дека бруталната економска криза во земјата предизвика пад на потрошувачката.

Шведска со години се бори со цигарите. Пушењето беше забрането во сите барови и ресторани на почетокот на 2005 година.

Во 2019 година, забраната беше проширена и на масите од кафулињата на отворено и ресторани, како и јавни места.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?