ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.01.2022
Симптоми на Омикрон: дали сте настинати или имате Ковид?
Автор: Goce Author

Новиот сој на Корона вирусот, Омикрон се шири многу брзо низ светот со слични симптоми како да сте настинати.

Но, како може да препознаеме дали станува збор за настинка или Ковид?

SARS-CoV-2 Coronavirus Variant Omicron cell delta on green background 2021 2022.

Класични ковид симптоми:

  • Постојано кашлање
  • Висока температура
  • Губење на мирис и вкус
  • Течење на нос
  • Главоболка

Кај некои луѓе, Ковид – омикрон се јавува и како настинка со симптоми како што се главоболка, течење на носот и болки во грлото.

Гоце.мк – Невидливи, опасни и многубројни – вирусите се околу нас – (goce.mk)

Што сега?

Експертите препорачуваат дека секој кој што има симптоми на настинка треба да направи ПЦР тест. Истражувачи од Велика Британија велат дека повеќе од половина тестирани луѓе со симптоми на настинка се позитивни на Ковид.

Ајде да ги разгледаме заедничките симптоми

  • Температура

Температура над 37,8 е показател дека телото се бори со некаква инфекција, па шансите да имате настинка се големи. Доколку температурата е многу висока и не се намалува покрај примените лекови за температура, тогаш треба да направите тест.

  • Кашлање

Кашлањето е исто така симптом кој се јавува и кај настинка и кај Корона. Кога сте настинати кашлањето не е многу често и е пропатено со болка во мускулите и треска. Кашлањето кај Корона вирусот значи континуирана кашлица која се јавува во „епизоди“ во текот на 24 часа.

Гоце.мк – Поефтин лек против корона за земјите со низок и среден приход – (goce.mk)

  • Промена или губање на мирис и вкус

Доколку почувствувате дека имате промена или губите мирис и вкус, тогаш веќе нема дилема дека станува збор за Ковид и треба да направите тест. Иако тоа може да се случи и доколку сте настинати, сепак шансите дека сте болни од Корона се големи.

  • Кивање

Кивањето не е класичен симптом за Корона вирусот, според NHS, освен ако не е пропратено со треска, кашлица и губење на мирис и вкус.

  • Течење на нос и главоболка

Во моментов, NHS препорачува дека течењето на нос и главоболка не се доволни симптоми за да направите тест за Ковид. Но сепак доколку ги имате овие симптоми заедно со треска, отежнато дишење, замор, болки во мускулите, воспалено грло, губење на мирис и вкус, гадење и дијареа тогаш треба да се тестирате.

Што ако се чувствувате многу лошо?

Луѓето кои имаат омикрон може да се чувствуваат многу лошо и изнемоштено, а исто така може и да го поминат вирусот многу лесно. Симптомите се јавуваат до две недели после изложувањето на вирусот, најчесто на петтиот ден.

Чувството дека дишете отежнато може да биде знак за посериозна инфекција на Ковид. Лекарите велат дека тестирањето е препорачано доколку почувствувате некој од овие симптоми.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?