ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.12.2021
Сиромаштијата најмногу ја чувствуваат децата – како де се намали?

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики во Скопје денеска организираат Форум на тема „Сиромаштијата кај децата во Северна Македонија – семејните примања не се единствениот фактор“

На форумот ќе се дискутира и ќе се презентираат резултатите од првиот индекс за повеќедимензионална детска сиромаштија за земјата. Организаторите најавија дека со отворањето на оваа тема и организирањето на Форумот сакаат да помогнат да се развијат политики што ќе ја подобрат социо-економската благосостојба на децата и ќе овозможат побрз развој на човечкиот капитал.

Најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски и на претставничката на УНИЏЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани.

Инаку, сите досегашни податоци покажуваат дека сиромаштијата им штети на децата и преку негативните ефекти врз нивните семејства. На пример, децата од сиромашни семејства се поизложени на насилни форми на дисциплинирање и со повеќе изгледи да влезат во брак пред 18-тиот роденден. Сиромаштијата создава и продлабочува неможности за успех; само едно од 300 деца кои живеат во сиромаштија оди во градинка, а само 2/3 од децата кои потекнуваат од сиромашни семејства завршуваат средно училиште. Ова се сѐ фактори што им ги намалуваат шансите на децата и родителите да го прекинат циклусот на сиромаштија, наглаува УНИЦЕФ.

Само 1 од 10 деца во Пелагонија е засегнато со сиромаштија, додека секое второ дете кое живее во Североисточниот регион се соочува со овој проблем. Семејствата со деца имаат речиси двапати поголеми шанси да живеат во сиромаштија од оние кои немаат деца.


Прочитајте и: ТВ програмите за деца – мисловна именка


 

Децата кои живеат во домаќинства со еден родител се особено ранливи, како што се и децата што потекнуваат од семејства со три или повеќе деца.

Програмите за извлекување на децата од сиромаштија имаат голем потенцијал, но во моментов се доста неефективни. Социјалните бенефиции, како што е паричната помош, не само што се недоволни како износ, не покривајќи ја основната финансиска сигурност на семејствата со деца, туку често ги спречуваат и ги стигматизираат родителите при обезбедување работа и дополнителен приход со кој семејствата може да се извлечат од сиромаштија.

Други бариери што придонесуваат кон проблемот се: несоодветен пристап за семејствата до информации околу правата и програмите за вработување; обврска за пријавување на кандидатите за социјална помоши ограничен пристап до основните услуги како на пример квалитетни предучилишни установи во подрачјата најпогодени од сиромаштија. Односот меѓу сиромаштијата и дискриминацијата е сложен. Дискриминацијата придонесува кон сиромаштија, но, сиромаштијата може и да изолира одредени лица и да наметне општествена стигма, што резултира со дискриминација. Децата од сиромашни семејства често се соочуваат со дискриминација кога пристапуваат кон образование издравствени услуги, а не добиваат ни поддршка од заедницата поради општествената стигма.

Фото: Уницеф

Како можни решенија, од УНИЦЕФ се  наведуваат:

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска