ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.10.2023
Сиромаштијата меѓу факторите за депресијата кај младите во Македонија
Автор: Goce Author

Истражувањата покажуваат дека голем дел од младите имаат умрени до тешки форми на депресија, а проблемите со менталното здравје кај девојчињата е по изразено отколку кај момчињата.

Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Северна Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години.

Сиромаштијата, социјалната исклученост и смејното насилство влијаат на менталното здравје

За менталното здравје на младите нема многу податоци, но сепак постоечките истражувања укажуваат на големи проблеми со менталното здравје од типот на депресија и анксиозност кај децата и адолесцентите, што се должи на фактори како што се сиромаштијата, социјалната исклученост, изложеноста на семејно насилство и стигмата.

Дарко Влогс за борбата со анксиозноста и паничните напади

Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.

Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на  децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.

Ковидот па војната во Украина носат сериозна опасност по менталното здравје на младите во Европа

СЗО и УНИЦЕФ се обединуваат за намалување на последиците од депресија и анскиозност

Препознавајќи го исклкучителното значење на менталното здравјте на децата и адослецентите, во септември 2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпишаа иновативна Заедничка програма за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите за периодот 2020 – 2030 година. Оваа визионерска иницијатива има цел да обезбеди децата и адолесцентите кои живеат во земји што учествуваат во Заедничката програма да доживеат, до 2030 година, намалено страдање и подобрeно ментално здравје, психосоцијална добросостојба и развој. Со цел постигнување на овие цели, Заедничката програма се залага за зајакнување на капацитетот на земјите да спроведат мултисекторски стратегии, засновани на докази и на човековите права, кои треба да обезбедат можности, поддршка и услуги за деца, адолесценти и за луѓето кои се грижат за нив. Освен тоа, Заедничката програма има за цел да ги зајакне видливоста на овој проблем, свеста за истиот и инвестициите како на национално така и на глобално ниво, низ соработка.

77% од самоубиствата се случуваат во неразвиените и земјите во развој – во Македонија не функционира линијата за помош

(Колумна) Дали имате страв од пропуштање (FOMO)?
(Интервју) Академскиот стрес може да биде причина за анксиозност и „burn out“ кај младите