ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.04.2024
Сите милијадери под 30 години го наследиле богатсвото
Автор: Goce Author

Сите милијардери во светот помлади од 30 години го наследиле своето богатство, во првиот бран на „големиот трансфер на богатство“ во кој се очекува повеќе од илјада богати луѓе да префрлат повеќе од 5,2 трилиони долари на своите наследници во следните две децении.

Во светот веќе има повеќе милијардери од кога било досега (2.781), а тој број се очекува да расте. Постарата генерација супербогати се подготвува да го пренесе своето богатство на своите потомци. Истражувањето на магазинот Форбс покажа дека има 15 милијардери на возраст од 30 или помлади, но дека ниту еден од нив не создал сопствено богатство, туку имал корист од огромно наследство.

Меѓу нив се ирските милијардери Фироз Мистри (27) и неговиот брат Захан (25), кои имаат околу 4,9 милијарди долари од нивниот удел во Тата Сонс, матичната компанија на индискиот конгломерат Тејт Груп. . Тие го наследија својот удел од 4,6 отсто во компанијата во 2022 година по смртта на нивниот татко, Сајрус Мистри, кој почина помалку од три месеци по нивниот дедо Палонги.

Над илјада денешни милијардери ќе пренесат повеќе од 5,2 трилиони долари на своите наследници

Трите деца на Леонардо дел Векио, основачот на компанијата за луксузни очила за сонце Luxottica, станаа милијардери по неговата смрт во 2022 година. Леонардо Марија (28), Лука (22) и Клементе дел Векио (19) наследија по 12,5 отсто од акциите во семејната Делфин холдинг компанија со седиште во Луксембург, која поседува речиси една третина од EssilorLuxottica. Тоа е компанија која стои зад Ray-Ban и Oakley. Браќата и сестрите имаат богатство проценето на по 4,7 милијарди долари.

Најмладата милијардерка во светот е Ливија Фогт (19), која има богатство од 1,1 милијарда долари. Тоа е благодарение на уделот од 3,1 во „WEG Industries“, бразилски производител на електрична опрем. Коосновач на компанијата е нејзиниот дедо Вернер Рикардо. Тој почина во 2016 година. На списокот е и нејзината постара сестра Дора Фогт де Асис (26).

Експертите од швајцарската банка УБС најавуваат нови млади милијардери. „Во текот на следните 20 до 30 години, над илјада денешни милијардери ќе пренесат повеќе од 5,2 трилиони долари на своите наследници“. Како го добивме овој број? Едноставно со собирање на богатството од 1.023 милијардери кои денес имаат 70 или повеќе години“.

„На долг рок, извонредното богатство што произлегува од бумот на претприемачката активност од 1990-тите ги постави темелите за идните генерации милијардерски семејства.

Најмладата милијардерка во светот има само 19 години

Најбогатиот човек на планетата е мнозинскиот сопственик на конгломератот за луксузни стоки LVMH, Бернард Арно. Тој има 75 години и неодамна ги промовираше своите деца на клучни позиции во бизнисот. Арно има проценето богатство од 233 милијарди долари, што е зголемување од 10 отсто во однос на минатата година.

Во 2023 богатите станале уште побогати

Чарлс Кох, постариот од браќата на американските индустријалци милијардери, има 88 години, додека неговиот брат Дејвид има 79 години. Фил Најт, милијардерот ко-основач на Најк, има 86 години.

Следната генерација се очекува да наследи вкупно 70 трилиони долари во следните 20 години. „Transfer Millennials“ се очекува да станат „најбогатата генерација во историјата“, вели истражувањето на агентот за недвижности Најт Френк.

Еден од најмладите милијардери што го стекна (не наследил) богатството е Бен Френсис (31), британскиот основач на спортскиот бренд Gymshark. Неговото богатство се проценува на 1,3 милијарди долари.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе