ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2021
Сите новогодишни хумани гестови

Во очи на новогодишните празници, иако оваа година се чини дека еуфоријата е помала, сепак новогодишниот дух е насекаде околу нас. Ова е период кој ја  буди хуманоста во повеќето од нас. Насекаде во градовите можеме да видиме иницијативи за хуманитарни акции сѐ  со цел да им се овозможи малку радост и на оние кои немаат.


Прочитајте и: Волонтерите – тивки херои на секое општество


Во главно, идејата зад хуманитарните акции по повод новогодишните празници е да се помогне на социјално загрозени семејства најмногу со прехранбени производи и парична помош, но и со дарување пакетчиња за да се извлече насмевка од децата чии родители немаат доволно средства за подарок. Меѓу по распространетите акции организирани ширум градовите во Македонија, е “Елка на хуманоста” организирана од  Црвен Крст- Штип каде граѓаните имаат можност да остават новогодишни пакетчиња и пакети со храна под елката, а за возврат да си изберат новогодишна честитка. Нешто слично организира и невладината NECI NMK од Штип каде се даруваат новогодишни пакетчиња за да се израдуваат најмалите. Иницијативите покажаа голем интерес и хуманост меѓу жителите на Штип, а и обата проекта се за да им се даде на социјално загрозените семејства, но и на старите изнемоштени лица. На ова се надоврзуваат и “OneCan” од Скопје каде се донира за самохраните и  едно родителски семејства. Секако овде е и познатата “Новогодишната елка на желби” чија идеја е сите посетители на Рамстор Мол во Скопје да изберат еден или повеќе лампиони од елката на кои е напишана детската желба и да го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица.

Поинаква акција пак се организираше и во Битола. Здружение за поддршка и помош на лица со Мултиплекс склероза ”ГЛАСНО ЗА МС” преку Новогодишен хуманитарен базар ќе собира средства за лицата дијагностицирани со оваа болест. Базарот ќе се одржи на 24-26 Декември во Веро Нова Битола и граѓаните ќе имаат можност да донираат преку купување на истакнати производи.

“Новогодишниот дух на посебен начин ја буди емпатијата на луѓето, кон оние на кои им треба подадена рака за помош. Можностите кај нас се навистина многу – поддршка со СМС пораки, купување на карти за хуманитарни концерти, купување од хуманитарни изложби и базари, парични и друг вид на  донации. Во пракса, секој има можност да избере кауза што му е блиска до  срцето и да ја поддржи. Направете било каква донација во било која форма, најдете го вистинскиот начин да им помогнете на оние кои имаат потреба, не само на празници, туку во секој обичен ден! NECI NMK за Новогодишните и божиќните празници организира собирање донации од детски пакетчиња и истите ги носиме на многудетни семејства, семејства на самохрани родители, деца од социјално ранливата група на семејствата. Основната причина зошто еве веќе трета година носиме пакетчиња на децата е пред сѐ дружбата на нашите млади членови со нив, играњето , разговорите и насмевките кои ги гледаме на нивните лица , бидејќи секое дете заслужува достоинствено детството и среќа!”, вели Викторија Кукушев Зафирова, иницијатор на акцијата од NECI NMK.

Викторија Кукушев Зафирова

Меѓу хуманитарците, се најдоа и познатите личности како Дарко Влогс и јутјуберот Вик, кои за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња“ на страната на Go fund me креирана од Дарко Влогс  собраа над 6.000 долари.

И познатите компании во Македонија како “Мериан Ас”, “Стокомак”, Агенцијата за маркетинг “Division”, “Zegin” и многу други преку донации им помогнаа на социјално ранливите.

Можности за донирање има многу, па ако се прашувавте како и каде можете да придонесете за оние кои најмногу им треба, посетете ги вашите локални организации и придонесете во донесувањето на новогодишниот дух и на вратата на оние кои не можат да си го дозволат.

Кариерен ден на УГД – за полесен избор за средношколците
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“