ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.01.2023
Sleep cicle идеална апликација за студенти
Автор: Goce Author

Веројатно ви се случува да се разбудите ненаспани или ви е тешко да станете од кревет наутро, упорно го гасите алармот и се успивате.

Ние луѓето одмараме од четири до шест циклуси на спиење во текот на ноќта. Секој циклус на спиење има различни фази. Сите тие служат со цел да ви обезбедат квалитетен одмор, а секој циклус на спиење варира во текот на ноќта. Циклусите на спиење исто така се разликуваат од личност до личност. Сите сме различни. Ако вашето тело вели дека сте одморени, веројатно сте.

Апликацијата Sleep cicle функционира така што  можете да го прилагодите времето во кое сакате да се разбудите, на пример од 07:30 до 08:00 часот.

Апликацијата го анализира вашиот сон и ве буди во идеалниот момент за будење во временскиот период во кој сте го прилагодиле времето за будење. Наместо да подесувате повеќе аларми од кои само еден ќе слушнете, оваа апликација го избегнува времето кога сте во најдлабок сон и ѕвони токму на време. Sleep cicle ве буди кога сте во најлесната фаза на спиење и ви помага да се чувствувате одморено и закрепнато додека станувате да се соочите со денот.

Sleep cicle помага да го подобрите вашето здравје преку подобар сон. Оваа апликација ги следи вашите циклуси на спиење слушајќи ги вашите звуци преку микрофонот на вашиот мобилен телефон. Ги анализира  сите звуци во текот на спиењето со помош на алгоритми кои постојано се развиваат. Резултатите од анализата на спиењето се лесно разбирливи, претставени во графикони и трендови, кои обезбедуваат приспособени насоки за тоа како можете да ја промените вашата дневна рутина за да го подобрите спиењето.

14 држави го тужат TikTok
Топ 5 најпопуларни видео игри на компјутер