ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.10.2023
Слободата на медиумите во Македонија: напредок на стаклени нозе
Автор: Goce Author

Македонија во последниве години континуирано постигнува напредок во однос на слободата на медиумите иако не е кохерентен и донекаде е ограничен, е главниот заклучок од Извештајот од Мисијата за проценка на состојбата со слободата на медиумите насловен „Слободата на медиумите во Македонија: напредок на стаклени нозе“.

Во извештајот се дадени препораките што произлегуваат од меѓународната мисија за проценка на медиумската состојба во  земјава што се одржа од 5 до 7 јуни годинава во организација на Здружението на новинарите на Македонија.

Во извештајот се посочува дека новинарите и натаму се соочуваат со тешкотии поврзани со нивната безбедност  и се загрижени за говорот на омраза на новинарите и медиумските работници. Условите за работа, како што се истакнува и натаму остануваат  неприфатливо лоши за многу новинари не само во однос на нивната плата и работниот статус, туку и во однос на почитувањето на нивните работнички права.

Се препорачува да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постојните европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се засили надворешниот мониторинг врз судовите, да се подобрат работните услови за новинарите и да се подобри одговорноста на политичарите и јавните службеници за непријателските изјави и однесување кон новинарите и медиумските работници.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски порача дека сега е вистинското време да се дојде до вистински системски решенија. Во спротивно, како што кажа, многу лесно од 38. Место можеме повторно да се вратиме на 128. место по слободата на медиумите како што беше во 2015 година.

Измамнички СМС пораки со наводна парична помош од владата на Македонија
МОН: Неделава ќе има резултати од конкурсите за стипендии за магистерски и докторски студии