ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.04.2022
Словенија како ветена земја за студентите – зошто е тоа така?

Словенија стана ветена земја за идните студенти, а ние се обидовме да дознаеме зошто е тоа така.

Пред почетокот на наставата на факултетите, секоја година се соочуваме со статистички податоци за тоа колку малку студенти се запишуваает на нашите универзитети. Истата таа бројка е значително повисока кога станува збор за продолжување на високото образование во странство. Статистиката, но и сечија перцепција, покажуваат за тоа дека поголем број студенти кои се запишуваат на факултет во странство, ја избираат Словенија меѓу другите земји.

Универзитетот во Љубљана

За да можеме одблиску да согледаме што сѐ нуди Словенија и зошто е прв избор на идните студенти, разговаравме со Софија Глигорова, студент на Факултетот за архитектура во Љубљана.

Предностите како студент во Словенија се многу големи. Почнувајќи од субвенции за храна и транспорт, разни попусти или бесплатни влезници за културни и едукативни настани се само дел од она што го нуди Словенија. Најмногу ми се допадна можноста за студентска работа паралелно со студиите. Најголемата предност е тоа што образованието тука е бесплатно поради договорот меѓу Македонија и Словенија.“, изјави Софија на прашањето кои се предностите што странските студенти ги имаат таму.

Софија Глигорова

Но, за да направиме паралела ни беше потребно да ја слушнеме и другата страна на приказната. Тамара Вучкова, студент на Машинскиот факултет во Скопје, сподели со нас дали воопшто имала дилема кога било во прашање изборот на факултет.

Пред да се запишам на факултет, истражував многу и како опција ја имав Словенија. Но, во разговор со студенти кои веќе студираат таму сфатив дека секој има различно мислење. Одговорите главно беа дека првата година е тешко да се прилагодиш поради јазикот, но од друга страна, професорите биле толерантни по тоа прашање. Сепак, одбрав прилично тежок факултет и се надевам дека ќе можам да најдам добро платена работа откако ќе дипломирам. Реално, за Словенија бев скептична заради јазикот, но и нормално заради тежината која си ја носи Машинскиот факултет, едноставно мислев дека нема добро да се снајдам таму.

Тамара Вучкова

Искуството на Софија во текот на нејзиното петгодишно студирање во Словенија, ни кажува дека причините за да се избере таа земја за продолжување на образованието се многубројни.

Словенија ми пружи квалитетно образование, многу студентски размени, можноста да се научи нивниот јазик, што не беше воопшто лесно првите неколку месеци, нивната прекрасна култура и начин на живот, но и можноста за работа во слободно време. Луѓето на кои наидов во ниту еден момент не ме оставија да се соочувам сама и беа спремни секогаш да ми помогнат за што било. Без разлика на фактот што се водев по филозофијата „што биде-нека биде“, мислам дека го избрав правилниот пат. Сега, да се вратам пет години наназад, повторно ќе го направам истиот чекор.

Со споделените искуства од нашите соговорници, некако како да ни се наметнува прашањето „Што правиме погрешно во врска со нашето високо образование во државата?“. Фактот дека некои нешта треба од корен да се променат, не може да се побие.

Сепак, одлуката за изборот на факултети останува на идните студенти, а порано или подоцна ќе знаат дали го направиле вистинскиот чекор.

Резултати од конкурс за 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка
Колку чини студирањето и дали евтино образование значи повеќе образовани?