ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.12.2024
Случајот со проблематичниот ученик од ОУ „Лазо Ангеловски“ под контрола
Автор: Goce Author

Случајот со проблематичниот ученик од ОУ „Лазо Ангеловски“ се уште не може комплетно да се реши, во моментов следи настава онлајн.

– Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, но и покрај тоа случајот е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали стручните и социјалните служби работат со проблематичниот третоодделенец од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром за кој беше одлучено до крајот на полугодието наставата да ја следи онлајн.

– Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, меѓутоа по интервенцијата од Министерството за образование и наука, состојбите веќе се средуваат.

Социјалната служба проактивно работи и во моментов сметам дека, и покрај пречките, случајот е под контрола, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.

За пропуштената настава поради двата дена бојкот во училиштето, таа рече дека директорот треба да организира како да се надомести, нагласувајќи дека „децата не смеат да имаат пропуштени часови поради ваков случај“.

Проблематичниот ученик до крај на полугодине на онлајн настава

Учениците во ОУ „Лазо Ангеловски“ минатиот вторник се вратија на настава откако два работни дена претходно ја бојкотираа наставата.

Бојкотот беше прекинат по одлуката на Советот на родителите во училиштето кој го прифати решението проблематичниот третоодделенец да не ја следи физички наставата туку онлајн до крајот на првото полугодие.

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

За решение на проблемот МОН формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период треба да ја следат состојбата и стручни лица да работат со детето со агресивно и асоцијално однесување, вклучувајќи го и неговото семејство.

Проблемот со ученикот се актуализираше по најавата тој да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар.

Бојкот почнаа родители на децата што учат таму, па директорката ја повлече одлуката, а откако детето требаше да се врати на настава во „ОУ „Лазо Ангеловски“, бојкот почнаа и во матичното училиште.

Етиката на ВИ во високото образование
Агенцијата за храна ќе ги проверува новогодишните пакетчиња за деца