ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.10.2021
Смена на врвот на листата на најбогатите – Илон Маск го „прескокна“ Безос, сега „тежи“ 230 милијарди

Фото: bussinesinsider

На светската ранг-листа на милијардери, Илон Маск не само што е најбогатиот човек на светот, туку неговото богатство сега вреди колку сè што заедно имаат Бил Гејтс и Ворен Бафет.
Нето богатството на извршниот директор на компанијата „Тесла“ и „Спејс екс“, 50-годишниот Маск, од петокот наутро изнесува 230 милијарди долари, покажува индексот на милијардери на Блумберг.

Гејтс е на четврто место со 130 милијарди долари, а Бафет е десетти со 102 милијарди долари.

И Гејтс и Бафет беа меѓу најбогатите луѓе во светот.

Маск се најде на првото место со „прескокнувањето“ на извршниот директор на Амазон Џеф Безос и стана најбогатиот човек на светот во јануари со нето богатство од 185 милијарди долари.

На прво место на престижните листи тие се менуваа неколку пати… Безос ја носи титулата од 2017 година.

Оваа година Маск додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство, благодарение на силните перформанси на акциите на „Тесла“ и „Спејс екс“.

Безос и понатаму е втор најбогат човек во светот со нето богатство од 191 милијарда долари.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони