
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Правниот факултет, во партнерство со Универзитетот во Салерно (Италија), отвораат повик за млади креативци кои сакаат да испратат моќна порака против сајбер насилството! Ова е твоја шанса да бидеш дел од важна приказна што допира до целата јавност!
Photo by Sam McGhee on Unsplash
Настанот ќе се одржи на 29 мај 2025 година, кога ќе биде прикажан италијанскиот краткометражен филм „101% – Кој ги контролира твоите избори?“ – копродукција на Италијанската државна полиција и националната телевизија RAI, промовиран на реномираниот Венецијански филмски фестивал.
Поканети се сите студенти да создадат кратко видео на една од следниве теми:
Потврди го интересот до 11 мај 2025 на: ana.nikodinovska@ugd.edu.mk
По пријавата, ќе следи дополнителна консултација за идеи, поддршка и технички совети.