ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.05.2023
Сојуз на средношколци: Ученичкиот глас е многу важен за граѓанското општество
Автор: Goce Author

Бидејќи сè уште Собранието ги нема донесено нашите предложени измени на Законот за средното образование за воведување на средношколска демократија, Сојузот на средношколци како членка-кандидат се обрати до Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (OBESSU), т.е. до европската организација на средношколци. Нашите европски партнери и соработници кон нас упатија писмо за поддршка, соопштуваат во Сојузот.

Сојуз на средношколци

„Во писмото тие упатуваат порака кон целата држава: „Очите на сите ученици во Европа се вртат да видат како вашиот предлог ќе биде прифатен од вашите законодавци. За да ја постигнеме функционалната, демократска Европа кон која се стремиме, мораме да го дадеме нашиот дел за да донесеме позитивни промени. Тоа може да го донесе само силното граѓанско општество, кое не може да постои без средношколското и студентското самоуправување“. Сојузот работи на внесување на средношколската демократија како концепт во македонското законодавство. Иако Законот за средното образование е донесен во 1995 година и е многупати менуван, до овој момент ученичкото организирање и учество никаде не биле спомнати“, наведено е во соопштението од Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека членот 15 од Конвенцијата за правата на детето, која е составен дел од македонскиот правен систем, го гарантира правото на здружување и мирно собирање гласи: „Државите членки го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање“.

„Сојузот на средношколси напиша предлог законски измени на Законот за средното образование кои го регулираат и демократизираат ученичкото учество за првапт во историјата на државата. Законскиот текст го комплетиравме кон крајот на септември минатата година, а на 20 октомври 2022 година во соработка со Клубот на млади пратеници, Вестминстерската фондација за демократија и ИДУЕП организиравме јавна расправа во Собранието. По истата се формираше работна група составена од пратеници која требаше да го разгледа нашиот текст, но констатираме дека предлогот на закон сè уште не е ни внесен во собраниска постапка, а камоли донесен и стапен на сила“, реагираат оттаму.

Целосната интеграција на средношколскиот глас во образовните процеси е неопохдно за добро функционирање на граѓанското општество, додаваат во Сојузот.

„Ученичкото учество и средношколската демократија се важни за да произведеме една свесна, информирана индивидуа која би се вклучила во демократскиот живот, водејќи се од чувството на должност и општествена одговорност. Можностите за средношколецот да одбере кој ќе го претставува на сите нивоа се подобри од кога било. Гласот на поединецот вреди сè повеќе. Сојузот на средношколци ги повикува македонските институции потребата од средношколска демократија да ја сметаат за мошне сериозна и важна за нашата држава, штом европското граѓанско општество јасно ни посочува дека тоа е нужно за целосна демократизација и функционализација на Македонија“, наведено е во соопштението.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска