ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.09.2024
Со дводневен настан студентската организација СОМА го  одбележува Светскиот ден на срцето

По повод Светскиот ден на срцето, со мотото „Use heart for action“, студентите на Факултетот за медицински науки и членови на студентската организација СОМА  организираат дводневен настан.

Според статистиките и Проф. д-р Гордана Камчева Михаилова, кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, предизвикувајќи дури 20,5 милиони смртни случаи годишно. Но, 80% од овие смртни случаи може да се спречат! За почеток, промените во секојдневните животни навики можат да дадат значителен придонес за здравјето на срцето.

За таа цел на 26.9.2024(четврток) ќе се организира кардиолошка работилница за значењето на кардиоваскуларните болести во модерното општество, чиј предавач е Проф. д-р Гордана Камчева Михаилова. Работилницата со почеток од 11:00 часот ќе се одржи во просториите на Дом на млади-Штип, а ќе бидат вклучени и интерактивни натпревари од областа на кардиологијата.

На 27.9.2024(петок) студентите ќе организираат граѓанска акција за мерење на крвен притисок на граѓаните на локациите пред Градски пазар-Штип и на ул. Панче Караѓозов, спроти поранешен маркет Туш. Акцијата ќе се одвива во периодот од 9:00 до 13:00 часот и има за цел проценка на ризикот на хипертензија и едукација на граѓаните за овој коморбидитет.

Светскиот ден на срцето се одбележува секоја година на 29 семтември, а со овогодинешното мото „Користете го срцето за да преземете акција“ се дава значење за општото здравје на срцето.

Ваквата иницијатива  има за цел ја зголеми јавната свест за кардиоваскуларните болести, вклучувајќи ја и нивната превенција.

„Денот промовира здрави животни навики како што се употреба на здрава исхрана, зголемување на физичка активност и ограничување на употребата на алкохол и тутун. Исто така и во поттикнувањето на рутинските прегледи. Светскиот ден на срцето поттикнува рано дијагностицирање и со тоа содветно лекување на срцеви заболувања.“, вели Проф. д-р Камчева Михаилова за важноста за одбележувањето на овој ден.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023