ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.01.2022
Со методот „SMART“ до успешна 2022 година

Фото: Gergia Hispanic Chamber

Во денешниот динамичен и брз живот потребен ни е метод кој ќе ни помогне да ги конкретизираме нашите потребни и цели, а и да го организираме правило времето и да успееме да оствариме се што сме замислиле.

Доколку и вие се наоѓате во некој збунувачка зона во која имате многу цели за постигнување и не знаете како да успеете секаде, тогаш ви предлагаме да ја користите „SMART“ методата. (Specific, Measurable, Attainable, Relevant, Time bound)


Гоце.мк – Кршење чинии, фрлање мебел, шарена долна облека, најчудните традиции за Нова година – (goce.mk)


Најпрво мора да одредите цел за која ќе го користите овој метод. Пример наместо да си поставите цел да живеете здрав живот оваа година и да поминете многу време мислејќи како да го започнете, поставете си цел која ќе ви го одразува здравиот начин на живот, како што е домашното готвење.

Следен чекор е да знаете да измерите колку е ефикасно остварувањето на целта. Доколку имате цел да трчате на маратон, тогаш овој чекор е доста лесен, но доколку имате цел која не може да се измери тогаш ќе мора да најдете начин да се надоградите. Пример доколку имате цел да пишувате, тогаш мора да го надградите вашиот вокабулар и да откриете што вашата публика ќе сака да прочита.

Фото: WKC

Креирајте тешко достижна цел и достигнете ја. Нема поголемо задоволство. Вообичаено луѓето се задоволуваат со постигнување на просечен успех и се чудат како другите околу нив успеале повеќе. Доколку вашата цел е да го искачите Еверест, тогаш ќе го направите доколку креирате временска рамка и знаете колку време ви е потребно за да ја остварите целта. Почнете со искачување на Килиманџаро за да се приспособите на високите надморски висини, а потоа се е полесно.


Гоце.мк – Шест дански правила за воспитување – за посреќни деца – (goce.mk)


 

Фото: Pinterest

Вреднувајтете се себеси. Секогаш верувајте во себе без разлика колку пати ќе паднете и ќе погрешите. Вреднете ги работите кои ги правите секојдневно. И одењето во теретана и готвењето дома се вредни бидејќи иако изгледаат како сосема обична активност, тие го продолжуваат животниот век.

Поставете временска рамка за завршување на обврските и достигнување на целта. Ако имате цел да го обликувате вашето тело и да изгубите 10 килограми, тогаш направете план и програма со која ќе изгубите 1кг неделно и за достигнување на целта ќе ви бидат потребни 10 недели.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?