Автори: Кристина Бошнакова и Дорина Стефановска
Кога станува збор за спорт како параглајдерството, тогаш светот нема граници. Барем така вели Mohsen Mansouri од Иран кој што стигна и до Македонија за време на натпреварот за параглајдерство кој што се одржа во Крушево.
Mohsen Македонија ја посети прв пат годинава. Вели дека деновите кои ги поминал овде биле прекрасни и дека на следниот натпревар ќе се потруди повторно да дојде.
За љубовта кон параглајдерството, пак, вели дека ја поседува уште како мал. Од своите 18 години лета, а денеска е и професионален инструктор за оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.
На неговиот Инстаграм профил може да видиме многубројни видеа од различни локации. Според него секој нов лет е ново доживување.
View this post on Instagram
Параглајдеството е спорт кој што е поразличен од секој друг. Создава адреналин, возбуда, страв… Mohsen се сеќава дека од неговиот прв лет сфатил дека тоа е она што го исполнува и го прави среќен. Според него, секој барем еднаш во животот треба да проба да лета.
Toj исто така ужива во акро летањето. На прашањето што е акро летање, ни одговори „танц со воздухот.“ Погледнете како тоа изгледа.
View this post on Instagram