ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.10.2022
Со параглајдерството светот нема граници, вели Mohsen од Иран кој беше и во Македонија.
Автор: Goce Author

Автори: Кристина Бошнакова и Дорина Стефановска

Кога станува збор за спорт како параглајдерството, тогаш светот нема граници. Барем така вели Mohsen Mansouri од Иран кој што стигна и до Македонија за време на натпреварот за параглајдерство кој што се одржа во Крушево.

Mohsen Македонија ја посети прв пат годинава.  Вели дека деновите кои ги поминал овде биле прекрасни и дека на следниот натпревар ќе се потруди повторно да дојде.

За љубовта кон параглајдерството, пак, вели дека ја поседува уште како мал. Од своите 18 години лета, а денеска е и професионален инструктор за оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.

  • Се откажав од мојата работа и мојата мајка ми беше лута заради тоа со месеци. Летам од моите 18 години, а сега сум и професионален тренер за оние кои сакаат да се занимаваат со овој адреналински спорт.

На неговиот Инстаграм профил може да видиме многубројни видеа од различни локации. Според него секој нов лет е ново доживување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohsen Mansouri (@mohsenaline)

Параглајдеството е спорт кој што е поразличен од секој друг. Создава адреналин, возбуда, страв… Mohsen се сеќава дека од неговиот прв лет сфатил дека тоа е она што го исполнува и го прави среќен. Според него, секој барем еднаш во животот треба да проба да лета.

Како решаваш на кој натпревар ќе се пријавиш?

  • Секогаш гледам со кој ќе се натпреварувам. Секогаш сакам да бидам „конкуренција“ со професионалци кои го уживаат овој спорт. (се смее). Потоа секако ги разгледувам можностите за патување и што би можел ново да научам од овој спорт.

Toj исто така ужива во акро летањето. На прашањето што е акро летање, ни одговори „танц со воздухот.“ Погледнете како тоа изгледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohsen Mansouri (@mohsenaline)

До сите оние кои се двоумат…

  • Не го правете тоа. Нема што да изгубите. Единствено нешто што треба да направите е да истражите и да го пронајдите најдобриот инструктор со кој што ќе се чувствувате сигурни за време на летот. За чувството нема да ви раскажам, ќе го почувствувате самите.

 

 

(Аудио) Мојот став: Успеавме ли да ја затрупаме Стерната?
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години