Секојдневието на секој тинејџер се токму социјалните мрежи. Истражување на ,,Mayo Clinic’’ на 750 млади тинејџери од 13 до 17 години покажа дека 45% од нив се постојано онлајн, а 97% користат барем една платформа од YouTube, Facebook, Instagram или Snapchat.
Добрата страна на интернет платформите!
Социјалните медиуми им овозможуваат на тинејџерите да креираат онлајн идентитети, да се вмрежуваат и да градат сопствени мрежи.
Позитивната страна е што платформите како TikTok, Twitter, Instagram и Snapchat можат да бидат „спас“ за тинејџерите кои се чувствуваат изолирано или маргинализирано, особено ЛГБТ тинејџерите. Покрај тоа, социјалните медиуми им помагаат на многу од тинејџерите да се чувствуваат по социјализирани и не толку осамени.
Овие мрежи можат да им обезбедат на тинејџерите значајна поддршка и на оние кои се одбегнувани во општеството, оние со инвалидитет или со хронични болести.
Проф. Д-р Милошева: Не сите психолози по социјалните мрежи се психотерапевти
Тинејџерите исто така ги користат социјалните медиуми за забава и самоизразување. Платформите можат да ги им помогнат во информираноста на тинејџерите, да им овозможат да комуницираат преку географските бариери и да ги учат за различни теми, вклучително и здраво однесување.
Социјалните медиуми кои се хумористични и го одвлекуваат вниманието или обезбедуваат значајна врска со врсниците и широката социјална мрежа дури може да им помогнат на тинејџерите да избегнат депресија.
Лошата страна на социјалните мрежи!
Сепак, употребата на социјалните мрежи може негативно да влијае и да им го одвлече вниманието, да им го наруши спиењето и да ги изложи на cyber bullying (интернет малтретирање), нереални погледи на туѓите животи и притисок од врсниците.
Ризиците се во зависност од тоа колку тинејџерите ги користат социјалните медиуми. Во една студија на повеќе од 6.500 млади од 12 до 15 години во САД е покажано дека оние кои поминуваат повеќе од три часа дневно користејќи социјални медиуми може да бидат изложени на зголемен ризик за проблеми со менталното здравје.
Социјалните медиуми и депресијата кај тинејџерите се тесно поврзани. Прекумерната употреба на апликациите ги изложува тинејџерите на сајбер-малтретирање, проблеми со сликата на сопственото тело и зависност од технологија (мобилни телефони, таблети…) и резултира со помалку време поминато на здрави активности од реалниот свет.
Бизнисот и политичките партии се креаторите на лажни вести – медиумската писменост лекот?
Поголемата употреба на социјалните медиуми, ноќната употреба на социјалните мрежи и емоционалното вложување во социјалните медиуми, се поврзани со полош квалитет на спиење и повисоки нивоа на анксиозност и депресија.
Освен тоа, постарите адолесценти кои пасивно ги користеле социјалните медиуми, како на пример гледајќи туѓи фотографии, пријавиле намалено задоволството од животот, за разлика од оние кои овие медиуми ги користат за комуникација и креирање на свои содржини.
Колку подолго се користи Фејсбук или Инстаграм, толку е посилно верувањето дека другите се посреќни од вас
Тинејџерите на социјалните мрежи поминуваат голем дел од своето време набљудувајќи ги животите и сликите на нивните врсници. Ова води до постојани споредби, што може да наштети на самодовербата и на сликата за сопственото тело, влошувајќи ја депресијата и анксиозноста.
Поради импулсивната природа на тинејџерите, експертите сугерираат дека тинејџерите кои објавуваат содржини на социјалните мрежи се изложени на ризик да споделуваат интимни фотографии или многу лични приказни и информации. Ова може да резултира со малтретирање или дури и уценување на тинејџерите. Тие често постираат без да ги земат предвид последиците.