ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.09.2024
СОМА младинска картичка за студентите од Факултетот за медицински науки

Студентската организирана медицинска асоцијација-СОМА со нови поволности ја започнува новата академска година и нуди нови можности за сите членови на организацијата.

Станува збор за младинска картичка со која студентите ќе добијат попусти во одредени локали и печатници низ градот Штип, што значително го олеснува студирањето на младите.

“Картичките се за подобрување на студентскиот стандард. Ваквата идеја произлезе од самата потреба на студентите, гледајќи го примерот на соседните држави како Словенија и Бугарија, каде на студентите им се нуди младинска картичка со многу поволности и попусти, па оттука се поттикна и иницијативата да направиме нешто такво. Ова претставува пилот проект кој ќе биде достапен само на нашите членови, но ќе се трудиме во иднина да биде проект достапен за сите студенти на ниво на државата. Затоа ги охрабруваме и ги повикуваме сите студенти на ФМН да станат дел од СОМА, каде покрај едукативниот карактер, ќе можат да уживаат во ваквите поволности”-изјави Ирена Жежова, претседателката на СОМА.

Линк за апликација за студентската картичка:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScBZajJkpxehuv1uJJylCKstmknXJDepVtn3omTw0N0l1l5Ww/viewform?fbclid=IwY2xjawFObzdleHRuA2FlbQIxMQABHThBlm7ipMQi2rxW-CAyqjWQYTwT3V_pYrbO-6r0whKVeZyBt6Etg6BkNA_aem_prgGAzwodWqN-lXGzeR_Ww&sfnsn=mo

Ќе се вложува во реновирање на студентските домови
Бруцошите од денес може да аплицираат за сместување во студентски дом