
Студентската Организирана Медицинска Асоцијација (СОМА) ги повикува студентите по медицина да станат дел од нејзината заедница и да ја збогатат својата студентска и професионална едукација.

Членството нуди бројни придобивки – од практични вештини и дополнителни обуки што не се дел од редовната настава, до учество во јавноздравствени кампањи, хуманитарни акции и истражувачки проекти. Преку СОМА, студентите имаат можност за професионален networking со колеги, професори и потенцијални ментори, како и развој на лидерски и организациски вештини.
„Со зачленувањето станувате дел од заедница која гради, мотивира и создава можности за напредок“, велат од организацијата.
Ново раководство на Студентската организирана медицинска асоцијација
За упис е потребна уплата на трансакциска сметка:
Назив на примач: СОМА Штип
Банка на примач: НЛБ
Трансакциска сметка: 210-0738300201-90
Рокот за апликација е отворен до 24.10.2025
Формата за зачленување е достапна на следниот линк: