
По повод Меѓународниот месец на борбата против рак на дојка, Студентски организираната медицинска асоцијација (СОМА) организира еднодневен семинар на тема „Розов октомври: Телото зборува. Умот страда. Ајде да слушаме!“.

Семинарот ќе се одржи на 9 октомври 2025 година (четврток) во хотел Изгрев во Штип, со почеток во 09:30 часот. Настанот е од отворен карактер и има за цел да ја подигне свеста за значењето на раната превенција, психолошката поддршка и охрабрувањето на жените кои се соочуваат со ова заболување.
Своето знаење и искуство со учесниците ќе ги споделат:
доц. д-р Сања Балџиева, проф. д-р Тодор Арсов, спец. д-р Габриела Димовска, д-р Емилија Бошковска, доц. д-р Александар Митевски, доц. д-р Марија Караколевска Илова.
„Бидејќи ракот на дојка претставува голема глобална закана, а факторите како неинформираност и страв кај женската популација претставуваат дополнителен ризик за зголемување на оваа дијагноза, ние како студентска организација одлучивме да дадеме поддршка на жените и да организираме настан од отворен карактер за сите кои се заинтересирани за темата да земат учество. Веруваме дека свеста започнува токму од разговорот, од поддршката и од охрабрувањето,“ изјави Михајло Мирасчиев, претседател на СОМА.
Заинтересираните можат да се пријават преку следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSesjn6gothS3UDwT1BiBRsAC5hwtgCWvf1dzbY7kUCRtUS9hw/viewform